„Благодарна сум му на Бога што ми ја даде шансата да бидам мајка“

Интервју со водителката Милена Антовска-Станковска

Ведра, комуникативна и полна со позитивна енергија, водителката Милена Антовска-Станковска преку својата емисија на граѓаните успева да им ги реши проблемите и да им одговори на прашањата, и тоа, како што вели самата, многу повеќе од некои одредени општини и институции. За својата ќерка Лана Марија вели дека секојдневно му се заблагодарува на Бога што и ја дал можноста да стане мајка, и ни открива дека ги живее најубавите денови и максимално ужива во промените и предизвиците што ги носи животот…

Како започна твојата телевизиска кариера?

Мојата телевизиска кариера започна во 2009-та година во Канал 5, каде што сеуште сум… На почетокот бев во информативната редакција како новинар, за потоа сосема спонтано да станам дел од утринската пограма “Здраво Македонијо”. И така непланирано останав 8 години и токму преку оваа емисија гледачите ме запознаа и на улица сеуште ме препознаваат како Милена од утринска😊.

ADVERTISEMENT

Ведра, комуникативна и полна со позитивна енергија, вака те опшуваат луѓето. Сега си позната во јавноста по новата емисија “СПОДЕЛИ ПРОБЛЕМ со Милена”. Што мислиш, колку медиумите и ваквите емисии можат да им помогнат на обичните граѓани? 

Многу ми е драго што така ме опишуваат, затоа што таква сум и приватно. „Сподели проблем со Милена” е проект кој го започнав после породилното искуство и кој ми е посебно драг. Не знам дали ќе ви се верува, но преку оваа емисија успевме да решиме проблеми и да одговориме на прашања многу повеќе од некои одредени општини и институции. На некој начин сме посредници меѓу граѓаните и надлежните и одговорните. Тоа секојдневно го кажуваат моите гледачи и премногу сум среќна што е така.

Како е да се биде мама на една мала принцеза? Дали постојат моменти во кои си велиш навистина е тешко да се биде мајка?

Нема да претерам ако кажам дека да се биде мајка е нешто најпрекрасно на свет. Никогаш не си велам дека е тешко што ја имам оваа привилегија. Напротив, секојдневно му велам благодарам на Бога што ми ја даде оваа шанса, оваа можност, да станам мајка на мојата Лана Марија. Ништо не ме направила посреќна од тоа😊.

Како ја поднесе првата раздебла и моментот кога се врати на работа по породилното отсуство?

Па беше чудно, ми недостасуваше многу, но имам среќа што не се задржувам премногу на работа, па можам да кажам дека многу малку време сум одовоена од неа.

Кој е твојот став во врска со татковците да земаат трудничко боледување наместо мајката?

Па наместо мајка не, но заедно да бидат дома одреден период со своето дете и те како е потребно… Нема поубаво од тоа, детето да биде заедно со родителите колку што може повеќе, секако доколку постои шанса и опција за тоа.

Колку ги следиш советите на нутриционистите и лекарите поврзани за исхраната на своето дете?

Секако дека ги следам и ги слушам, посебно кога Лана Марија имаше неколку месеци, односно откако почна со дохрана. Се храни здраво, јаде многу овошје и зеленчук, а благо и давам многу малку. Грицки воопшто не пробала ама ќе видиме до кога😊 .Ручекот и е варен со маслиново масло и без зачини. Внесува и месо и риба затоа што и тоа е потребно за организмот.

Градника или жена, која од овие опции во моментот ја користиш кога треба некој да ја чува малата Лана Марија. И според тебе која е најдобрата опција?

Лана Марија во септември ќе почне да оди во градинка. Сега ја чуваат моите родители и родителите на сопругот. Се има своја убавина и се е добро во одреден период од развојот на детето. Јас сум за градинка, секое дете обавезно според мене треба да го помине и тој степен на социјализација.

Познати си по твоите интересни и модерни комбинации. Дали сметаш дека со малку пари може да се облечеме модерно?

Благодарам за комплиментот. Не мора да значи дека модерното мора да биде скапо. Напротив, и со малку пари може да се биде модерен. Многу е важно да знаеш што сакаш и да знаеш истото да го износиш.

Која козметика ја користиш? И какви парфеми ти се допаѓаат?

Сега моментално ги користам производите на Jeunesse од кои би ги издвоила серумот и гелот, секако и маските за освежување на кожата на лицето. Што се однесува до парфемите, повеќе сакам посилни, посебно за зимските периоди. Секако за лето преферирам полесни и понежни.

Дали си зависник од шопинг? 

Па не можам да кажам дека сум зависник. Во граници на нормала😊. Секоја жена треба да има добри чевли и секако „Little black dress”. А последно нешто што си купив се неколку маички со ликовите од Disney.

Подготвил: Берта Мартиноска

 

Facebook Comments
(Visited 340 times, 1 visits today)