Благица Павловска шокирана: „ГОСПОД ДА НЕ ЧУВА И ШТИТИ И ОД НАЈБЛИСКИТЕ“
Македонската фолк-дива се огласи во врска со двојното yби-cтвo во Гевгелија.
Пејачката Благица Павловска е активна на Фејсбук, каде често знае да го напише своето мислење во врска со актуелните случувња во земјата.
На својот Фејсбук профил најчесто споделува апели за помош на уличните кучиња и останати животни на кои им треба помош и нега.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Понекогаш знае да сподели и фотографии од себеси.
Таа е една од пејачките за кои се вели дека старее како виното.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Според фотографиите можеме да забележиме дека пејачката и понатаму го претпочита елегантниот и отмен стил, но воопшто нема проблем да покаже и како изгледа без грам шминка.
Пејачката почувствува потреба да се огласи и во врска со двојното yби-cтвo кое се случи пред два дена во Гевгелија.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Како што информираше полицијата, маж ги застрелал својот брат и снаата пред влезот на нивната куќа.
Благица запрепастена се огласи на Фејсбук:
„Кажано е! Ќе дојде ова време кога свој најблизок ќе ти спрема cмpт! Господ да нѐ чува и штити од намерите на истите“.