Благица Павловска сѐ уште неутешна – по големата загуба НЕЈЗИНОТО срце е скршено, не може да ја заборави Белисима

Таа е една од нашите најпознати и најуспешни фолк-пејачки, а и после долги години постоење, секоја нејзина објава и појава привлекува внимание од публиката.

Благица Павловска, одвреме навреме знае да се повлече од сцената, но тоа не значи дека не работи на нов материјал. Напротив, таа секогаш размислува околу следните планови на полето на музиката.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Освен што е вљубена во мзуиката, пејачката е вљубена и во животните.
Често на социјалните мрежи споделува објави поврзани со напуштените животни на кои им е потребна помош. Но, и самата таа има домашни миленичиња.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Дека навистина не се двои од нив, докажува и тоа што на свадбата на нејзината колешка Јасмина Мукаетова се појави со нејзините три кучиња.

-Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат. Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати.

Јас постојано сум на релација Скопје- Охрид и тие се со мене. Се навикнаа да се возат и уживаат на задно седиште. Не ги чувам во бокс додека се возат. Тие се научени веќе на патување и нема никаков проблем. Мирни се и што е најважно ако се земени од различни места се запознаа, се засакаа и се дружат меѓу себе. И сега кога требаше со Тале да одиме на свадба кај Јасмина доаѓавме од Охрид, но потоа одевме за Скопје и немаше никаква шанса да ги оставам сами. Кога дојдовме во ресторанот вработените ни излегоа во пресрет, па ги сместивме во бокс и им ставивме вода и храна. Кога заврши свадбата си дојдовме во Скопје, изјави тогаш Благица.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Во интервју за Естрада плус таа кажа дека не може да го замисли своето секојдневие без своите кучиња.
-Многу луѓе и незнаат дека , јас не сум чувала постојано и цел живот кучиња. Кога бев помлада чував. Земав едно големо и неможев да се справам со него , тоа беше некоја мешавина, порасна големо и не бев спремна да го чувам. Го дадов во едно село кај човек што чуваше овци, едноставно си ја најде својата слобода. Ние дома чуваме помали кученца кои не растат големи, вели Благица.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Поради преголемата љубов кон овие домашни миленици, Благица изразува огромна разочараност за периодот во кој се уништуваа кучињата, односно нивното труење од страна на човекот.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

-Ги сакам и откако мојата Викротија е отруена , реков ќе се посветам максимум и ќе помагам колку можам во мои можности за бездомните кучиња. Тие не се виновни. Кај нив треба на ниво на институција да се грижи за нив. Македонија има доста луѓе кои се грижат за ваквите бездомни кучиња. Тоа треба да се донесе преку Закон. Има доброволци кои ќе учевствуваат во сето тоа , секако во една таква акција ќе учевствувам и јас, вели Благица за Естрада плус.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Пред три месеци пејачката доживеа нова трагедија.

Како што објави на социјалните мрежи, нејзиното куче Белисима било убиено.
-На денешниов ден Петковден си замина душата на мојта миленица Белисима. Ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом… Патувај во царството небесно, ангелу мој… И раката и душата на серискиот убиец на сите мои миленици нека Бог ја осуди АМИН, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Пејачката не може никако да ја преброди оваа трагедија, па одново и одново споделува фотографии од Белисима.
-Мојата незаборавна Белисима. Те сакам Белисима. Се надевам ќе бидеш во друштво на небото со сите мои љубимци кои пострадаа за жал како и ти. Те сакам, стои во нејзината најнова објава.

Поради ситуацијата со коронавирусот многу од пејачите немаат никакви ангажмани. Повеќето од нив веќе почнаа да се бунат поради тоа, барајќи од властите да се олабават мерките, за и тие да почнат да заработуваат, бидејќи како што велат имаат семејства за кои треба да се грижат.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Но, за Благица Павловска периодот на изолација воопшто не бил проблем и вели дека и одговарало да биде дома, бидејќи завршила голем број домашни обврски.

-Секако морам да дојдам да ве посетам во ИН ТВ во Охрид. Слабо доаѓав ова лето во Охрид и затоа не ме видовте и ме немаше во Охрид. Имав дома во Скопје повеќе некои обврски, нешто реновирав со оглед на ситуацијата дека бевме приморани да сме повеќе дома. Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Откако одмори, Благица го искористи летото за нов музички победи. Таа учествуваше на Летен фолк хит каде што отпеа дуетска песна со нејзиниот колега Влатко Алексовски, а потоа следеше нејзиното учество на Охрид Фест-Охридски Трубадури, како и Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба Фест.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

За периодот кој следи најавува промоција на уште неколку убави македонски песни.

-Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех. Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам. Веќе на Охридски Трубадури настапив со нова песна од нови автори, песна за која мислам дека ќе има голем прием кај слушателите и гледачите, но тоа лека полека, а верувам дека и оваа песна од “Тумба Фест” ќе биде привлечна оние кои што ја обожаваат Благица Павловска.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
(Visited 5.859 times, 1 visits today)