Благица Павловска и во седмата деценија е во топ форма, но ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледала пред три и повеќе децении!

Нема да ја препознаете

Фото: Принтскрин/ Јутјуб (Естрада Плус)

И покрај тоа што во последно време можеби ја нема толку често на медиумите колку што заслужува, фолк-пејачката Благица Павловска дефинитивно е македонска естрадна дива.

Таа е позната по своите бројни хитови во народната музика и како една од најдобрите фолк пејачки во Македонија. Иако не е толку присутна на медиумската сцена како на почетокот од својата музичка кариера, каде и да се појави и ден-денес привлекува внимание, а одвреме-навреме знае да објави и по некоја фотографија на социјалните мрежи која секогаш ќе собере голем број лајкови и коментари.

Пејачката неодамна во интервју за „Женски магазин“ откри дека е голем верник и дека секојдневно се моли на Господ за доброто на сите, но и дека следи предавања од монаси и духовни луѓе преку социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Кога ќе се сретнеш со Бог како што се сретнав јас, тогаш ќе ја осознаеш вистинската љубов. Сите други работи само нè прават поагресивни“ изјави искрено легендарната пејачка.

Инаку, Благица во изминативе неколку децении сме имале прилика да ја видиме во најразлични изданија.

Таа наскоро ќе напони 62 години, а од фотографиите на Фејсбук можеме да видиме како таа за време на нејзината повеќедецениска кариера го менувала својот имиџ. Сепак денес многу мал број од нејзините фанови се сеќаваат како Благица изгледала на почетокот од својата кариера.

На следнава фотографија Благица „фура“ потполно различен стил, но со нејзината препознатлива насмевка која и ден-денес и е заштитен знак.

Тука Благица има 30 години, а повеќе фотографии од овој период погледнете во продолжение.

Инаку Благица пред шест-седум години склучи граѓански брак со нејзиниот партнер и ова и е втор брак на пејачката.

Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“ од пред две години, Благица пред камери откри дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.

„Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов. Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти“, изјави тогаш познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“.

Погледнете уште неколку фотографии од кои можеме да заклучиме дека пејачката како млада изгледала мошне занесно, но и дека со годините не се променила премногу бидејќи ја задржала својата харизма и убавина.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Фото: Фејсбук/ Благица Павловска
(Visited 3.597 times, 1 visits today)