Благица Павловска во младоста важеше за најпосакуваната Македонка – фотографии од кои на мажите ќе им се заврти во главата!

Познатата фолк-пејачка своевремено важеше за една од најзгодните дами на нашата сцена.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Благица Павловска веќе со децении важи за една од најпознатите фолк пејачки во нашата земја.

Познатата фолк-пејачка има голем број хитови зад себе, а на почетокот од својата музичка кариера никого не оставаше рамнодушен со својот изглед.

Имено, таа и сега за свои години изгледа феноменално, но во цутот на младоста важеше за една од најзгодните дами на нашата фолк сцена. И за разлика од многу нејзини колешки, посебно од помладата генерација, кај неа се е природно, па со своето деколте никого не остава рамнодушен.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Таа знае и да се пошегува на сметка на својот изглед, а во една пригода на Твитер ги насмеа своите фанови:

„Кај сте cиликони, подигнав кредит“.

Благица оваа година треба да наполни 63 години, но за нејзини години се уште се држи одлично.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

На нејзиниот профил на социјалните мрежи се наоѓаат бројни фотографии од нејзината младост, но една од нив посебно подигна прашина. Таа на оваа фотографија позира седејќи на дрвен стол, облечена во фустанче, а во центарот на вниманието се нејзините нозе во црни хулахопки.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Покрај оваа фотографија голем хит е фотографијата на која нашата фолк дива лежи на тревата облечена во кусо, провокативно издание.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Павловска и на обвивките од своите албуми од времето на Југославија изгледаше занесно, па многумина велат дека овие нејзини изданија од младоста се уште носат мирис на едно убаво и незаборавно време.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Инаку пејачката во последниот период заради ситуацијата со вирусот корона времето повеќе го минува во својот дом.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Таа собира енергија за своите следни настапи уживајќи во своите обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Пејачката во една пригода за ИН ТВ изјави:

„Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех… Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам, секако имам многу песни што треба да ги работам“.

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

Фото: Фејсбук/ Благица Павловска

(Visited 3.517 times, 1 visits today)