Биковиќ изјави дека би можел да го одглуми Аркан, па сега стигна и одговорот од Вељко – еве што му порача синот на Цеца

Милош Биковиќ без да размислува многу истакна дека ќе ја прифати улогата на Аркан во филмот. По оваа негова изјава, се огласи и синот на Аркан, Вељко Ражнатовиќ.

Имено, по изјавата на Биковиќ, се огласи и синот на Аркан и Цеца Ражнатовиќ, Вељко.

Милош Биковиќ е добар актер, но мислам дека не треба да чепка во нешто што не може да се одглуми – изјави Вељко.

Инаку, Вељко наскоро ќе се оствари во улога на родители. Неговата сопруга Богдана треба да се породи во секој момент, а Цеца веќе ја дезинфицираше целата куќа заради нејзината бремена снаа, која се враќа во Белград за да се породи.

Фото: Принтскрин

Имено, синот на пејачката, Вељко, и неговата сопруга Богдана поминаа два месеци во Тител поради пандемијата со корона вирусот, а во текот на следната недела ќе се вратат во вилата во Дедиње каде ќе останат и по породувањето.

Фото: Инстаграм

„Богдана влезе во деветтиот месец од бременоста и сака да дојде во Белград за да се породи таму. Кога Цеца го слушна ова, побрза да го исчисти својот дом што е можно поскоро. Таа ангажирала дополнителен персонал за темелно дезинфицирање на вилата од подот до таванот“ вели извор близок до пејачката и додава:

„Цеца се грижи за Богдана уште од првиот ден. Тие честопати останувале сами во куќата, а Богдана ја воодушевила својата свекрва, затоа што не се однесувала како разгалена трудница, туку честопати и самата чистела и подготвувала ручеци. Бидејќи два месеци се разделени, Цеца е желна Богдана да се врати во вилата и постојано ни кажува дека одвај чека да стане баба и дека ќе го разгали нејзиниот внук“ вели изворот за медиумите, а пренесе Нови.ба.

 

Facebook Comments
(Visited 174 times, 1 visits today)