Бизарна сцена која го згрози целиот Балкан – возрасен човек го шета детето врзано како куче

На социјалната мрежа Фејсбук се појави бизарна фотографија со една постара личност како води дете на улицата Кнез Михајлова во Белград, а која ја вознемири јавноста во регионот.

Фотографијата ја објави една девојка тврдејќи дека настанала во вторникот во центарот на српската метропола.

ADVERTISEMENT

Детето има огрлица околу вратот и ремен закачен за неа како да е во прашање куче, а не дете. Малиот има барем 5 години, напиша на својот Фејсбук профил оваа корисничка.

Фотографијата предизвика бурна полемика и се прошири на социјалните мрежи, но потоа брзо беше избришана.

Бројни корисници го осудија овој чин и без згрозени поради постапката на возрасното лице, а имаше и такви кои во коментарите објаснуваа дека странците често ги шетаат така своите деца.

Што мислите вие за ова?

Facebook Comments
(Visited 123 times, 2 visits today)