Беше најубавата жена во Југославија, па наеднаш исчезна од сцената – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа денес, ќе се изненадите!

Кога беше прогласена и за официјално најубава Југословенка, Ана стекна голема популарност.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Но за преубавата Хрватка Ана Сасо од Сплит големата популарност и донесе и големи проблеми во животот. И тоа најмногу во нејзиниот љубовен живот

Имено, познатата манекенка во тоа време беше предмет за опсесија на многу мажи од поранешна Југославија.

И покрај тоа што нејзината кариера одеше по нагорна линија, таа немаше среќа во љубовта.

Ана во 1982 година ја однесе титулата мис Југославија, а на изборот за Мис на светот беше меѓу 15 те најубави.

Како манекенка работеше ширум светот, а на овие простори многумина и денес ја памтат по нејзината провокативна реклама за еден освежителен пијалак на која скока во вода, облечена само во мокра маичка.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

И кога и официјално беше прогласена за најубава, таа стекна огромна популарност, но не и среќа во љубовта.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Таа беше позната по својот бурен и неславен емотивен живот – два пати застануваше на лудиот камен, но и двата брака завршија неславно.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Манекенката беше во брак со кралот на ноќниот живот во Спил, Ненад Баре Теклиќ. Тој го имаше првото Порше во Сплит, беше во шема со Дорис Драговиќ и за триесетина години отвори десетина најдобри кафулиња и клубови низ цела Далмација каде важеше за голем шармер. Тој го изгуби животот пред неколку години во сообраќајна несреќа.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Покрај него, манекенката беше во брак и со Игор Францески. Но рибарот и правникот ја изневеруваше и се шеташе со млади девојки низ центарот на Сплит, па таа реши да го остави. По две години од разводот Францески е уапсен бидејќи во неговиот стан девојките од една организирана група се занимавале со најстариот занает на светот.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Последна информација е дека убавата Сасо е во врска со доктор, но таа никогаш не се огласи во врска со тоа. Но она што е неспорно во целата приказна со неа е тоа дека поранешната манекенка и во шестата деценија изгледа феноменално, а доказ за тоа се нејзините фотографии што и денес не ретко ги објавува на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо

Таа денес живее во Сплит, а во една пригода ќе изјави:

„Со големо задоволство велам дека по четириесеттата конечно сстанав задоволна од самата себе. По сите подеми и падови и бројни искуства и – и позитивни и негативни, – еволуирав во секоја смисла. А ме надополнува и духовноста. Тоа денес ме прави да се чувствувам презадоволна“ изјави Сасо пред неколку години во своето интервју за „Глорија“.

Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
Фото: Инстаграм/ Ана Сасо
(Visited 2.269 times, 1 visits today)