Беше една од најпознатите ријалити ѕвезди во Македонија – се ожени со кошаркар, па се разведе и остана сама со својата ќерка
Поранешната манекенка во топ форма, па тешко е да се поверува дека има и дете.
Александра Накова која е поранешен модел и учесник во познатото регионално шоу „Преживеан“ од ден во ден ги воодушевува своите фанови.
Совршено тело и лице, Александра едноставно блеска, па затоа на многумина им е тешко да поверуваат дека таа е мајка.
Александра Накова се прослави со нејзиното учество во „Танц со ѕвездите“ и „Преживеан“, а потоа долго време ја немаше во јавноста.
Сепак тоа беше од оправдани причини бидејќи во меѓувреме ја роди ќеркичката Леа, а потоа следуваше и тежок период во нејзиниот живот бидејќи се разведе од сопругот и таткото на нејзиното дете, кошаркарот Никола Гајдаџиев.
Манекенката успеа да ги преброди проблемите и во текот на 2017 година повторно почна да се појавува во медиумите.
По повод новогодишните празниците објави фотосесија од својата ќерка и покажа колку пораснала, но и дека неодоливо потсетува на мама.
Леа насмеана позираше најпрвин сама, а потоа и заедно со Александра која гордо ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил.
Секако повеќе од очигледно е од кого Леа ја наследила убавината, па можеби еден ден ќе стане манекенка и модел како мама Александра.
Инаку Александра во последно време се фокусираше исклучиво на себеси и на својата наследничка, но и на својот нов бизнис, па неодамна отвори бутик за луксузна гардероба во родната Гевгелија, па сега на социјалните мрежи се почесто објавува фотографии во кои ги рекламира своите шик производи.