Бети ја засени првата дама на Хрватска – погледнете како изгледаше МАКЕДОНСКАТА прва дама во преубаво „кралско“ издание
Првата дама на Македонија ги засени сите околу неа.
Со својот уникатен стајлинг, шарм и насмевка Елизабета Георгиевска ги собира сите погледи, па така беше и овојпат кога таа заедно со претседателот Стево Пендаровски отпатуваа во Хрватска, Загреб.
Таму се сретнаа со Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во придружба со сопругата Сања Мусиќ Милановиќ.
Поради софистицираниот вкус и стил Елизабета е секогаш тема број еден во медиумите.
За оваа пригода, македонската прва дама избра елегантна темносина креација, додека првата дама на Хрватска се појави во комбинација од здолниште во циклама нијанса и темновиолетова кошула.
Двајцата претседатели имаа вратоврски во иста боја како креациите на своите сопруги, Пендаровски носеше темносина вратоврска, додека пак Милановиќ носеше вратовсрка во циклама нијанса.
Слична беше ситуацијата кога претседателската двојка замина во посета во Полска.
Сопругата на полскиот претседател, Агата Корнхаусер Дуда, носеше шик комплет со црни детали. И таа играше на картата на елеганцијата со интересен фустан во беж боја и црни нијанси преку кој носеше бел капут, но мораме да признаеме дека Елизабета и тогаш успешно ја надмина секогаш беспрекорно дотераната Дуда.
Нашата прва дама за посетата на Варшава каде беа пречекани од претседателот Андреј Дуда и неговата сопруга Агата избра преубав фустан и капут во „бургунди“ нијанса. Таа под елегантниот капут носеше фустан со интересни ракави кој и стоеше феноменално, а целото издание го заокружи со црни хулахопки и високи потпетици.
Бургунди нијансите сами по себе се убави, каков било моден додаток со оваа боја изгледа совршено, посебно ако го заокружите целото издание со еден ваков преубав капут во иста нијанса.
Едноставно Елизабета нема модна утка!