Безвременскиот хит „Видовдан“ требало да ја пее славната пејачка на Југославија – нема да верувате колку погрешни одлуки носела во нејзината кариера!

Весна жали поради лошите одлуки.

Познатата фолк пејачка Гоца Лазаревиќ се прослави меѓу останатотот и со песната „Видовдан“.
Таа во една српска емисија изјавила дека песната станала непредвиден хит, најпрво овој безвременски хит бил наменет за пејачката Весна Змијанац.

Меѓутоа Весна не сакала да ја наруши тогашната репутација на Југославија, рекла Гоца и додала:
– Не е за кого било речено, туку на кого е судено.

Оваа не и е прв пат на Весна Зимајац да ги одбие песните кои подоцна станале најголеми хитови на Балканот.
Исто така Весна Змијанац ја одбила песната „Иди док си млад“ која денес ја пее најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.

Таа денес жали за таквите одлуки кои ги донела во минатото.
„Некои од песните што не ги снимив се ‘Иди док си млад’, ‘Београд’ и ‘Заборави’ што станаа хитови на Цеца.

Тие песни беа правени за мене. За мене е напишана и ‘Срце је моје виолина’. Требаше да се најде на мојот албум, ама ја исфрливме кога ја добив ‘Јорговани’. Никој не сакаше да ја снимам ‘Јорговани’.

Дури и Корнелије Ковач едвај го направи аранжманот. Ама мене ми се допадна и решив да оди. Во тоа време се снимаа плочи, па не можеа да се стават 13 песни. Затоа на Лепа Лукиќ ѝ ја дадов ‘Срце је моје виолина’, која потоа стана вистински хит“, рекла Весна во интервјуто.





