Бали-бег фатен како ја изневерува сопругата со својата колешка? Погледнете за која актерка станува збор, ќе се изненадите!
Турскиот заводник повторно во центарот на вниманието
Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрие Евџен ја освоија публиката со своите улоги во сериите кои во последните години се популарни меѓу нашата публика.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Бурак и Фахрие се заљубија за време на снимање на еден заеднички проект.
Тие на лудиот каен застанаа во 2017 година, откако четири години беа во врска, а минатата година се ширеа гласини дека имаат проблеми во бракот.
Тогаш извори блиски до познатиот пар за турските медиуми открија дека на познатите актери веќе подолго време не им цветаат рози, а сега се појавија и шпекулациите дека Брак наводно ја изневерува својата сакана со .
Имено, Бурак деновиве работи на трилерот „Masha’s Mushroom“ u во која главната улога ја има 45 годишната актерка Тара Рид.
Тара е позната по филмот „Американска пита“, а како што пишуваат турските медиуми, меѓу Бурак и Тара постоела хемија која што ја воочиле и нивните колеги.
Покрај ова, медиумите пренесуваат и дека една девојка од екипата што работи со нив на сетот, ги фатила како разменуваат страсти во гардеробата.
„Заврши снимањето, а јас останав да си ги соберам работите. одеднаш слушнав некакви звуци, па за неколку секунди во далечината ја видов Тара како потполно разголена стои пред Бурак“, изјави за турските медиуми девојката чиј идентитет не е познат, пренесе хрватскиот „Стори“..
„Не верувам во овие приказни. Па погледнете ја Тара и погледнете ја Фахрие. Се сомневам дека Бурак би ја изневерил сопругата со колешка, односно се надевам дека ова се само гласини“, коментираше една обожавателка.
„Фахрие и јас многу добро се познаваме. Ние навистина сме познат пар, но дома сме обично семејство. Работата и јавниот идентитет е нешто потполно друго. Но, кога започнавме врска, го знаевме сет тоа. Бевме свесни за сé што не очекува, и навистина нема никакви проблеми.“
„Сметам дека добро излегуваме на крај со сите предизвици“, изјави актерот во една пригода.
Тој тогаш откри и дека со неговиот брак е се во ред, воедно демантирајќи ги приказните што се појавија во медиумите.
Инаку во медиумите во изминатиов период не ретко можевме да прочитаме дека токму нивниот син Каран е причината за расправиите меѓу Бурак и Фахрие, но очигледно дека ситуацијата не е таква.
Од друга страна, некои медиуми пред неколку месеци објавија и дека популарниот пар е решен наскоро повторно да се оствари во улога на родители, а некои медиуми дури објавија и вести, според извори блиски до парот, дека убавата сопруга на Бали-бег повторно е во блажена состојба. Но очигледно дека и овие гласини не беа вистинити, иако Бурак и самиот неколку пати претходно има изјавено дека сака да има уште едно дете и дека посебно ќе се израдува ако добие ќеркичка. Но ова очигледно само ги поттикна гласините дека „штркот“ наводно би можел повторно да слета во нивниот двор.
Како и да е, познатиот пар досега се нема огласено во врска со новите озборувања, а од фотографиите што сами ги објавуваат на социјалните мрежи, нивните обожаватели се убедени дека со нивниот брачен живот е се во ред.
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит