Бали-бег и неговата сопруга направија нешто со кои ги згрозија своите обожаватели
Згодниот Бурак Озчивит не можеше да почека да се роди бебето за да му отвори профил на социјалните мрежи, па го направи тоа додека неговата сопруга сѐ уште е бремена.
Нероденото бебе собра во рок од само неколку дена, повеќе од 70.000 следбеници на Инстаграм.
И со овој потег, познатиот турски актер исто така, откри и некои детали за бебето – неговата сопруга и колешка Фахрие Евџан, треба да се породи со машко на кое познатиот пар реши да му го даде името Каран.
Но за многу обожаватели од Турција оваа идеја на Бурак и Фахрие не беше баш најпаметна. Неговиот потез на социјалните мрежи од многумина е прогласен за апсурд, а некои се и поприлично истри и сурови во критиките.
„Ова е болно. Детето не е рекламен пакет”, напиша некој од навредените обожаватели на кои не им се допадна идејата тоа што познатиот актерски пар отвори профил на своето се уште не родено бебе на социјалните мрежи. Во прашање се во главно родители кои ни на крај памет не им е да станат пријатели со нивното се уште не родено бебе.
https://www.instagram.com/p/BueEBHnFju6/
Од друга страна малиот Каран иако уште пред да дојде на свет има поприлично многу пријатели, сепак во моментов следи само двајца – своите мајка и татко.
https://www.instagram.com/p/BujdtIpn5gu/?utm_source=ig_embed