Бали-бег во прегратки со друга жена – изгледа фатално, фановите „ШОКИРАНИ“, посебно кога дознаа која е мистериозната дама

Многумина се прашуваа која е убавицата во прегратките на најпознатиот турски актер

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

За бракот на Бурак Озџивит кој се прослави со улогата на Бали-бег во „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга Фахрие Евџен, која исто така е многу позната актерка, турските медиуми многу често пишуваат.

И покрај тоа што парот постојано се обидува да остави впечаток дека уживаат во заедничкиот живот и во одгледувањето на нивниот син Каран, сепак неретко можеме да прочитаме дека нивниот брак е на лабави нозе, па дури и дека се пред развод. Нивниот брак деновиве повторно се најде во центарот на вниманието, а овој пат причина за тоа беше атрактивната црнка со која Бурак беше во прегратки.

Фотографијата беше повеќе од доволно дел од неговите фанови да се запрашаат која е мистериозната дама и што сака Бурак да порача со ваквата објава.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Многумина се посомневаа дека во животот на еден од најпознатите турски актери постои нова жена, но произлезе дека во прашање е неговата сестра, Буркун Озџивит .

Фото: Инстаграм/ Буркун Озџивит

„Па таа е прекрасна. погледнете ги нејзините црти на лицето и прекрасната црна коса. Се познава дека се во род“ коментираше една корисничка под нивната заедничка фотографија што ја објави познатиот актер на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Буркун Озџивит

Буркун на социјалните мрежи има речиси 300.000 следбеници, а интересно е тоа што таа никого не следи, па дури ни својот брат.

Фото: Инстаграм/ Буркун Озџивит

Зад себе има пропаднат брак од кој доби ќеркичка, а пријателите на Бурак се пошегуваа дека би можел да им го даде нејзиниот број на мобилниот.

Фото: Инстаграм/ Буркун Озџивит

„Имам прекрасен однос со мојата сестра. таа е најважната жена во мојот живот и сум благодарен што животот ми ја подари.

Фото: Инстаграм/ Буркун Озџивит

Никогаш се немаме скарано и секогаш можеме да сметаме еден на друг. Нејзината среќа ми е важна како и сопствената“, изјави Бурак во една пригода

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Инаку, Бали бег кој вее с години важи за еден од најзгодните мажи на светот не престанува да ги изненадува фановите.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Тој неодамна објави неколку нови селфи фотографии со кои предизвика и многу негативни коментари.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Имено, и покрај тоа што фотографијата заработи половина милион лајкови за помалку од 24 часа, обожавателките на фаталниот Турчин не го криеја разочарувањето од неговиот имиџ што го фура веќе неколку месеци.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

„Леле, што направи од себе? Каква штета, така убав маж да се yништи со гpда фризура. Ја изгуби целата ce*caпилност и убавина која што ја имаше“, „Од најубавиот маж на светот, до еден од најгрдите. И потоа некој ќе каже дека фризурата не го прави човекот“, беа само некои од коментарите.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Сепак, многу дами се надеваат дека ва е само привремена фризура и дека шармантниот Турчин по снимањето, повторно ќе биде оној стариот, каков сите го знаеме.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Тој за своите улоги знае да ослабне, да се здебели, да го промени имиџот и да направи се што е потребно.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

„Сето тоа е дел од нашата работа и уметничкото творештво“, изјави Бали-бег во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит

Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
(Visited 1.811 times, 1 visits today)