Баба, а на Инстаграм покажа тело на кое можат да и завидуваат и многу средношколки – го победи ракот и на 63 г. изгледа како авион!

Големо браво за оваа дама
Познатата актерка Мелани Грифит одлучи на социјалните мрежи да сподели фотографии во бикини со кои сакаше да ја подигне свеста за месецот кој е во знакот на борбата против paкот на гpaдите, што го објасни и со текстот.
Имено, популарниот бренд што произведува долна облека „Kit Undergarments” ги повика славните дами да се фотографираат на социјалните мрежи со парчиња во розови бои со нивниот потпис, па така Мелани напиша:
„Им се придружувам на ‘kitundergarments’ во носење на розова боја во чест на месецот на борбата против рак на градите“.

Притоа таа објасни дека ги носи моделите од овој бренд и ги повика своите следбеници да го направат тоа, бидејќи од заработката од продажбата на овие парчиња ќе одат во корист за борба против paкот на градите.
Но не треба да заборавиме дека ова е мошне блиска тема за Мелани, бидејќи таа во минатото водеше битка со оваа тешка болест. Па така во 2009 година таа направи oпepaција за отстранување на paк на кожата во пределот на лицето кој за среќа го откри во ран стадиум.

Но за жал во 2017 година кapциномот на кожата повторно и се врати што резултираше со третман заради кој на Мелани трајно и останаа модрици на носот.
Навистина е страшно кога си актерка и твојата работа зависи од твоето лице, изјави тогаш Мелани за магазинот „InStyle“ и додаде:
„Сепак, сфаќам дека морам да ставам фластер на тоа и тоа е во ред. Едноставно изгледам како кретен“ изјави таа.

Инаку, Мелани е горда мама на три деца – ѕвездата од филмот „50 нијанси сиво“, Дакота Џонсон, која што ја доби од првиот сопруг Дон Џонсон, потоа синот Александер Бауер, кој го доби од бракот со вториот сопруг Стивен Бауер и ќерката Стела, од бракот со Антонио Бандерас.

Таа е во добри односи со сите претходни мажи.
Мелани со Антонио Бандерас беше во брак 20 години и нивната ќерка Стела е вистинска убавица.

Парот беше познат како еден од најстабилните во Холивуд, но на крајот на нивната голема љубов и дојде крајот.

Мелани беше толку многу вљубена во шпанскиот актер што ги имаше истетовирано неговото име на раката.

Откако се разделија парот изјави дека секогаш ќе се сакаат и почитуваат и досега немале никакви проблеми.

Тие се разделија во 2015 година, а по разводот срцето на познатиот актер го освои Никол, која го шармираше со убавината, интелигенција и аристократско однесување.

Покрај изгледот, харизмата и карактерните црти на актерот му се допадна и тоа што Никол не припаѓа на светот на славните – таа се занимава со инвестициско банкарство, а како изгледа погледнете во продолжение.








