Ања Ветерова: „ Благодарна сум на моите родители што ми го овозможија ова задоволство“

Девојчето кое со право може да кажеме дека го живее својот сон. Ања Ветерова реши своето образование да го дродолжи со студии на еден од најпрестижните универзитети во Светот, а неодамна настапи во најголемата концертна сала во Беркли. Повеќе за животот во САД, музиката и студиите прочитајте во продолжение од интервјуто со младата и талентирана пејачка Ања Ветерова.

ADVERTISEMENT

Што те привлече највеќе да студираш на Беркли Универзитетот?

За Беркли дознав уште во основно училиште , но по завршувањето на нижото музичко училиште и прекинот со музичка едукација во средно се повеќе сакав да продолжам музички да се едуцирам.

Летото 2016 и првиот камп на Беркли во Валенсија беа пресудни за мојата одлука дека дефинитивно Беркли е тоа што сакам да студирам.Одлуката доби на тежина по добиената можност за рана аудиција на 16 години и можноста за стипендија , бидејќи професорите со кои што работев на тој летен камп го препознаа мојот талент. Во март 2017 стигна потврдата дека сум стипендист на Беркли во класа 2022.

Како е да се студира далеку од дома?

На почетокот кога се преселив во Септември 2018 ми беше интересно првите 2 недели и мајка ми беше со мене запознавање со нови луге ученици професори администрација иако некои ги познавав од вториот камп што го имав летото 2017 во Бостон кампусот го знаев и ми беше полесно. Но после 2 месеци кога сваќаш дека не се враќаш дома како другите студентите од Америка кои си одеа дома за Денот на Благодарноста туку продолжуваш тука ме фати мала криза за дома која успешно ја пребродив во дружба со други студенти од Европа и Латинска Америка кои ми се како семејство тука во Бостон.

Што се однесува за учењето мене ми беше ок бидејки јас веќе 7 години учев амерички систем на образование и многу лесно се адаптирав .

Каков е животот во Бостон?

Бостон е многу убав град и по својата архитектура наликува на европските градови. Луѓето се љубезни и сакаат да помогнат доколку можат. Во градот има и што да се види паркот Fenwa е најстариот парк во Америка , реката Чарлс по која може да се возат мали едрилици, кајаци ,аквариумот ,Prudential Tower од која се гледа цел Бостон на дланка. Бостон е универзитетски град и поради тоа има студенти од цел свет, различни култури, богат културно уметнички живот.

Во Беркли ни доагаат познати артисти ни држат предавања од својата област во музиката . На завршната церемонија за студентите кои дипломираа во 2019 заедно со нив титула Доктор на Науки добија и Miss Eliot и Justin Timberlake кои има свое обраќање до нас студентите .

Како е да се биде студент на еден од најпрестижните универзитети во Светот?

Волшебно , магично целото време сум опкружена со музика го учам и правам тоа што го сакам. Многу сум им благодарна на моите родители што ми го овозможија ова задоволство. Овој семестар бев доста активна имав неколку настапи и свое 60 мин. шоу каде што можев добро да се претставам.

Има ли Ања слободно време, и како го поминува?

Има уште 20 дена до завршување на третиот семестар и сега сум сконцетрирана повеќе на учење и спремање на испитите. Во слободно време одам во кино, возам велосипед, играме друштвени игри или пак сум во Беркли во некоја од собите за вежбање сама или во друштво со други студенти каде работиме на некоја нова музика.

Facebook Comments
(Visited 354 times, 65 visits today)
Loading...