Реклама
Наши ѕвезди

Атиџе скршена од болка и со СОЛЗИ во очите, а Турунџиева распали на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „И ја скршија радоста на жената“

Реклама

Многумина се воодушевени од нејзината добрина и великодушност и покрај тоа што нема многу, но постојат луѓе кои едноставно не може да препознаат добрина.

Благодарение на многу хумани луѓе и секако Сузана Турунџиева, хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова доби помош и пристоен дом за живеење за разлика од она што го имаше.

Маркетинг

Од минатата недела Атиџе заедно со својот брат се пресели во новата куќа која ја изградија за неа, во селото Дорфулија, а претходно живееја во селото Бекирлија, но наместо да се радува Атиџе е тажна.

Во интервју за „ММС“ Атиџе раскажа дека блиски луѓе и кажувале оти на Фејсбук со погрдни зборови ја озборувале, но и дека не е прв пат да пишуваат такви лоши работи за неа.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

– Многу сум тажна. Седев на скалите во куќата во Дорфулија и плачев. Размислувам се да оставам и куќа и покуќнина и да си се вратам во Бекирлија, каде до вчера живеев. Таму немав вода, немав струја, немав никакви услови за живот ниту соседи ама имав мир. Имам пчели, имам крава и куче и пеев. А овде? Овде плачам. Како е можно вака да се живее, вели Атиџе низ солзи за „ММС“.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Вели дека се срами да ги повтори сите вулгарности кои луѓето ги пишувале.

Атиџе раскажа дека живее со 5000 денари месечно, а од филмот нема заработено милиони, па за да поминува низ ваква голгота.

На ова не остана рамнодушна ни нејзината пријателка Сузана Турунџиева која распали на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

„И ја скршија радоста на жената

На сите коишто се дрзнале да ја навредуваат и понижуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат … и тоа до крајот на нивниот мизерен живот!

Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат секакви коментари од несреќни, фрустрирани и нереализирани лоши човечки примероци (па и не ме допира кој што „тресе“ по порталите), верувајте навистина не ме допира. Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста, чесна, искрена и невина скромна душа како Атиџе ќе плукаат, вреѓаат, понижуваат и колнат, немаше никогаш да поверувам. На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат!!! Болна е оваа средина … мнооогу болна! Безнадежно болна!

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле. А за сите нивни клевети, навреди и нарушување на углед, ќе одговараат соодветно законот!

Сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го праев тоа и досега …, напиша Сузана.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button