Атанас Атанасовски: Неостврена желба ми е да имам ,,portal gun” како на Рик Санчез

За себе вели дека ќе глуми се додека го држат колената. Актер кој нема кој не го знае од неговиот матичен театар, Театар комедија, Атанас Атанасовски има снимено и еден филм кој го носи името Ах, љубов моја, а сигурно ви е познат и како дел од заменската водителска двојка на Златна бубамара на популарноста.

Како започна приказната со актерството?

Приказната започна во 7 оделение кога другарот мој Дарко Богески ме повика да дојдам со него во детското драмско студио кај Магдалена Ризова.

ADVERTISEMENT

Што е потребно да се изгради еден лик- улога?

Слика да си создадеш за друг човек што не си ти. Како се движи ,како јаде ,како се смее, како води љубов, како умира, како живее, како се чеша… Многу прашања треба да си одговориш со Како. Па после да се одговорат прашањата со Зошто. Па прашањата со Кога ,Колку,Што.. И така, што повеќе прашања си одговориш тоа е подобро. Целото знаење за него, да стане ти.

Кој е предизвикот да се биде актер?

Предизвикот е што секогаш влегуваш во нов свет и да пробаш да се снајдеш во таа нова средина. Ко прваче. Ко ново дете во класот. Ко прва средно. Ко прва факултет. И треба да поминеш низ целиот процес и да се трудиш да научиш колку можеш повеќе.

Неостварена желба?

Да имам ,,portal gun” ко на Рик Санчез.

Каков е ликот на Атанас кога не се наоѓа на сцената?

Секојдневен.

Facebook Comments
(Visited 49 times, 1 visits today)
Loading...