Анџелина Џоли си фати женска?

Познатата актерка повторно во центарот на вниманието

Профимедиа

Но овој пат не е поради некоја нова филмска улога, туку заради една неочекувана романса за која пишуваат медиумите. Имано, американскиот таблоид „Woman’s Day“ пишува дека Анџелина Џоли (44) е во романтична врска со својата 12 години помлада колешка Еван Рејчел Вуд (32)

И покрај тоа што холивудската дива досега била во неколку бракови со познати мажи од филмската индустрија, според овој магазин решила да сврти нова страница во животот, а на своите пријатели по разводот од актерот Бред Пит им кажала дека завршила со машкиот род.

ADVERTISEMENT

„Магнетската привлечност меѓу актерките се случи пред десетина година на еден настан на кој и двете убавици беа во друштво со своите посилни половини, па така Анџелина била со Бред, додека Еван со пејачот Мерилин Менсон“, открива анонимниот извор за овој магазин.

Фото: Инстаграм/ Еван Рејчел Вуд

Според истиот извор во прашање е љубов на прв поглед, но бидејќи тогаш и двете биле во среќни врски своите емоции морале да ги потиснат, но на крај судбината сепак ги споила и конечно можат да уживаат заедно.

Но и покрај бомбастичниот наслов на овој таблоид, досега ниту една од актерките не се огласи за овие гласини па затоа не е познато колку вистина има во нивната приказна.

Facebook Comments
(Visited 59 times, 1 visits today)
Loading...