Анџелина Џоли повторно е заљубена – кога е со него се однесува како тинејџерка

Познатата актерка повторно во љубовен занес

По разводот од Бред Пит поради кој е во центарот на вниманието во последните три години. Познатата холивудска актерка немавме прилика да ја видиме во машко друштво, туку само со нејзините деца.

ADVERTISEMENT

Но и покрај тоа низ медиумите одвреме-навреме можевме да прочитаме гласини дека во врска со некого – прво со богат британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, па со колегите Колин Фарел и Кијано Ривс – но за жал, ниту една од овие гласини не беше потврдена.

Најново во нејзината љубовна сага по разводот со Бред Пит е дека Анџелина е заљубена во својот телохранител. Оваа вест прв ја објави „National Enquirer“ кои тврдат дека тој е причината за нејзиното добар изглед и расположение.
Тие се секогаш заедно. Кога тој е во нејзина близина, Анџелина се однесува како тинејџерка, тврди извор за овој магазин.

Наводно телохранителот и актерката се запознале на снимањето на филмот „Those who wish me dead“, а потоа се појавила неговата девојка. И како што наведува изворот, таа веднаш забележала дека има нешто меѓу нив и цело време не го испуштала од поглед своето момче.

Но дали ќе успее да го задржи покрај себе, времето ќе покаже…

Facebook Comments
(Visited 923 times, 1 visits today)