Ана Николиќ се преполови, а нејзините најнови фотографии најдобро го покажуваат тоа
Ана Николиќ направи пауза кога ја роди ќерката Тара
Но таа од недамна реши да се врати на јавната сцена, па така сега снима албум, а за позната телевизиска емисија даде и ексклузивно интервју во кое ја отвори душата и зборуваше за разводот од Раста, ќерката но и за борбата со вишокот килограми со која се соочи по бременоста.
Пејачката полека се враќа во старата форма, а неодамна реши да се соблече ви бикини и позираше покрај базен. Таа беше заедно со актерката Лидија Вукичевиќ, па од познатата актерка се обиде да ја извлече тајната на добриот изглед.
„Се обидувам да откријам каков еликсир пие Лидија“, напиша Ана и ги воодушеви сите со фотографијата.
Покрај оваа фотографија таа сподели и една на која е со својата наследничка Тара додека уживаат во базенот.
Од фотографиите што ги објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи можеме да видиме дека Николиќ успеа да се реши од вишокот килограми, а нејзините обожаватели воодушевени од промената, постојано пишуваат позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.