Ана Кораќ сака да изгледа како барбика – повторно го оперирала лицето. Пластични операции ќе прави се додека не ја постигне целта

Пријателката на Сораја, Ана Кораќ, повторно направи операции – овој пат ги коригираше носот и очите, бидејќи сака да изгледа како барбика.

Како што пренесуваат српските медиуми, старлетата своето тело го препуштила во рацете на познатиот турски хирург пластичар Селкука Јазан, кој и го препорача нејзината најдобра пријателка, Сораја Вучелиќ.

ADVERTISEMENT

„Ана постојано наоѓа некои мани на себе, па повторно ги коригираше очите и носот. Нејзина голема желба и е да изгледа како барбика, и таа нема да се откаже, се додека не дојде до посакуваниот ефект“, изјави за порталот „Информер“ извор близок до старлетата.

Според овој извор, а како што пренесува порталот, Кораќ во Истанбул направила уште една корекција на очите, како би ги закосила и би го добила таканаречениот ефект „мачкини очи“. Докторот Јазан е еден од најпознатите „пластичари“ во Турција, а Кораќ неодамна стана заштитно лице за неговата клиника, па затоа последните зафати не ги ни плати.

„Сакам да му се заблагодарам на најдобриот доктор на светот што токму мене ме избра да бидам заштитно лице на најдобрата и најпрестижната клиника во Турција и ширум светот. Ви благодарам на укажаната доверба“, напиша Ана Кораќ неодамна на својот Инстаграм.

Facebook Comments
(Visited 112 times, 1 visits today)