CelebrityНовости

Александра Пријовиќ и даде поддршка на Тања Савиќ: Мене тоа не смее да ми се случи!

Advertisement

На српската естрада главна тема е пејачката Тања Савиќ која се наоѓа во многу тежок период од животот, таа има спор со нејзиниот сопруг околу нивните деца.

Advertisement

Речиси цела естрада застана на страната на Тања Савиќ, дури проблемот го слушна и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој јавно изјави дека ќе и помогне на пејачката да си ги врати синовите кои биле киднапирани од нејзиниот сопруг и однесени во Австралија.

– Правиме се што е во наша моќ за да и помогнеме на Тања Савиќ да си ги врати децата. Го вклучивме и Министерството за правда. Според Хашката конвенција, тој нема право да и ги земе децата“, соопштиле од кабинетот на министерот.

Advertisement

 

Исто така и Александра Пријовиќ прозборе за случајот на нејзината колешка и го кажа својот став пред јавноста.

https://www.instagram.com/p/CEmf0hOnrBB/

https://www.instagram.com/p/CEe-U-tnZeD/

 

– Поддршка им сум на сите мајки во светот коисе борат за своите деца. Многу ми е жал што Тања Савиќ се најде во таква ситуација, но исто така сум сигурна во законот и верувам дека се брзо ќе заврши, рекла пејачката за Курир,рс па искоментирала како би се чуствувала да е на местото на Тања Савиќ.

– Јас сум сиигурна дека одбрав партнер со кој тоа не може да ми се случи. Филип е свесен што значи за детето мајка и никогаш нема да дозволиме да трпи. На децата секогаш им се потребни двајцата родители, без оглед на тооа дали ќе им се раздвојат патиштата, одговори Александра Пријовиќ.

За потсетување, Тања Савиќ откри пред јавноста шокантна вистина, таа сакаше целиот свет да дознае што преживеалла во Австралија додека сите во Србија мислеа дека и цветаат рози во бракот.

Таа откри дека нејзиниот сопруг Душан има проблеми со алкохолот дека дури и нејзините деца биле свесни за овој порок.

-Всушност откако малку пораснаа тие и самите му зборуваа – ‘Немој тато да пиеш’. Тој им вети дека нема, но зборот го држеше само до првата прилика. Ситуацијата ја отежнуваше тоа што Душан кога ќе се налути е поприлично незгоден и избувлив. Мислам дека сите жени кои барем некое време поминале со некој што е склон кон алкохолот знаат за што зборувам. Тој не сфаќа дека родителите, сакале тоа или не, прават модели на однесување што децата потсвесно го усвојуваат. Не сакам некој од нив двајцата еден ден така да се однесуваат кон своите сопруги. Сакам тоа да го спречам, ако веќе не е доцна“, вели таа.

Пејачката и покрај тоа што била свесна за проблемот на нејзиниот сопруг но поради големата љубов се надевала дека се ќе биде добро и работите ќе се сменат, но за жал тоа не се случило.

-И јас се прашував себеси зошто го трпев, но се тргнува од фактот дека го сакав. Толку бев вљубена што го гледав само него. Верував дека е вистина се што ќе кажеше. Успеа во голема мера да влијае и на мојот однос со родителите, па некое време и со нив бев скарана. Низ животот секогаш чекорам онака како ме води срцето, не сфаќајќи дека имам работа со сериозен манипулатор. Тоа дури сега го гледам“, заклучува пејачката.

Тања истакна и дека првенствено верува во Господ но и дека е сигурна дека правдата на крајот ќе победи.

https://www.instagram.com/p/CDE_BGYFgrD/

https://www.instagram.com/p/CCBewcHMlv-/

https://www.instagram.com/p/CBnrHtZMRLC/

 

-Прво, верувам во Господ. Секогаш им помагав на сите што можев, а од денот кога го запознав Душан немам направено ништо со што би го повредила или засрамила. Баш ништо. Верувам дека правдата мора да победи“, вели пејачката за „Hello“ и додава дека австралиските служби ќе мораат детално да се заинтересираат за нејзиниот случај.

-На децата им е потребна мајка. Близината на таткото кој е склон кон пopoци сигурно не може да биде во нивен интерес. И во Австралија ќе одам доколку судот го бара тоа од мене, но сигурно нема да одам сама, изјави неодамна Тања.

Извор: Стори.рс, Курир.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button