Александра од „Брза кујна“ СИ ДОБИ НАСЛЕДНИЧКА и го покажа своето СЕМЕЈСТВО: „Најмагичниот ден во мојот живот е денот кога станав мајка“
Македонската водителка Александра Илиевска, која публиката ја запозна и засака како водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, неодамна стана мајка на својата ќерка Сара.
Александра и нејзиниот сопруг Александар годинава ја започнаа како горди родители на својата Сара. Гордата мајка веќе започна да објавува фотографии на својот Интаграм профил, но сѐ уште го нема покажано лицето на својата ќерка.
Најпрво ѝ посака јавно добредојде на својата ќерка споделувајќи фотографија од нејзината спална соба преполна со подароци за малата Сара.
На нејзината последна објавена фотографија на Инстаграм, водителката позираше заедно со сопругот и нивната ќерка, но сѐ уште не го има покажано нејзиното лице, па публиката не може да процени на кој личи малата Сара.
„Најмагичниот ден од мојот живот е денот кога станав мајка“, напиша Александра во опис на фотографијата.
Александра која поради бременоста престана со снимање на емисијата „Брза кујна“, во интервју за Вистина.мк откри дали се уште е дел од тимот на емисијата.
-Да, започна 6-та сезона. Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството.
Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност… хахахах, изјави Александра.
Алесандра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и дека многу брзо по породувањето ќе се врати во форма. Мора да се признае дека водителката изгледаше совршено и навистина одлично се носеше со целата ситуација. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.
„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.
Инаку, можеби малкумина знаат, но Александра пред десетина години се обидела да заплови и во манекенските води, па била дел и од спотот на македонскиот пејач Јован Јованов за песната „Сега јас си заминувам“. Таму Александра можеме да ја видиме во сосема поинакво светло.
Таа во интервју за „Гламур магазин“ ја сподели и својата тајна за беспрекорниот изглед на нејзиното лице и кожа.
„Кармините ми се слабост и ги имам во голем број и нијанси. Еднаш во месецот правам и пилинг за да го одстранам слојот на изумрени клетки“, кажа Александра.
Таа има свој ритуал што го повторува секојдневно и истакна дека пиењето вода, всушност е најважниот чекор за добивање на идеална кожа.
„Не е речено без причина дека лицето е огледало на нашата личност. Основен услов за кожата е секојдневната нега. Но и без вода, нема убавина. Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно. Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице. Утрата ми започнуваат рано, со соодветен крем и шминка која гледам да е едноставна со секогаш убав и соодветен кармин“.