Акушерите не можеле да веруваат: Се роди бебе со уникатен белег на стомакот

Во месецот на љубовта се роди бебе кое на стомакот има белег во облик на срце.

Џејн Велч, од Стоук на Трент, Стафордшир, рече дека акушерките „не можеле да поверуваат“ кога го забележале совршено симетричното срце на левата страна од стомакот на нејзината новородена ќерка Џорџија набргу по нејзиното раѓање.
Лекарите ѝ кажале на 37-годишната родилка и нејзиниот партнер Џо дека срцето најверојатно ќе исчезне со возраста.
Но, белегот со кој се роди Џорџија се гледа и понатаму на нејиниот стомак иако таа ќе го прослави првиот роденден.

Џорџија е родена на 22 февруари минатата година, пристигнувајќи три дена порано од планираниот царски рез.
Мајката вели: „Белегот во облик на срце на стомакот на Џорџија со кој се роди ги остави без зборови акушерите.
„Знаевме дека имаме девојче и педијатарот беше воодушевен кога ја забележа црвената ознака на малиот стомак на Џорџија.

„Кога првпат се роди, таа имаше само мала црвена трага, но во совршена форма на срце.
Оттогаш, белегот постојано расте и сега е малку погоре“, рече мајката.
Велч додаде: „Лекарите мислеа дека ќе избледи, но не исчезна или избледе.
Џорџија брзо расте, белегот расте со неа и тоа во совршена пропорција
Секој што ќе ја запознае Џорџија, сака а го види и белегот.
Таа е позната како „малото девојче со совршено срце“ и благодарни сме што нема некаков медицински проблем со белегот.
Тоа е само прекрасен и уникатен дел од неа“, изјави мајката.

Сега, речиси една од раѓањето, Џорџија почна да го забележува својот уникатен роден белег и е прилично фасцинирана од него.
Мајката вели: „Го допира додека ја капеме, се обидува да го извади.
Ние ѝ објаснивме дека тоа е залепено за неа.
Тоа е посебен и уникатен дел од неа.
Се надевам дека ако остане на неа додека не остаре, дека ќе го сака подеднакво исто како и ние“.

Мајката изјави дека планира да напраи иста тетоважа како белегот срце на стомакот на нејзината ќерка.
„Го сакаме нашето девојче родено во февруари и нејзиниот многу уникатен белег во форма на срце“.
Белезите со кои се раѓаат бебињата најчесто со текот на времето исчезнуваат и скоро никогаш не бараат никаков третман.
Некои од нив бараат одредено лекувањето, бидејќи влијаат врз здравјето.
Некои се отстрануваат со помош на ласер ако се во близина на област што може да предизвика проблеми додека детето расте, како што се очите, носот или устата.
