Актерката покажа дека изгледа брутално во шестата деценија: Видеото на Хали Бери го шокираше светот

Актерката Хали Бери ја запали социјалната мрежа Инстаграм. Таа објави видео снимка и им покажа на сите дека за своите години изгледа брутално добро.

 

Оваа дама можеби има 53 години, но нејзиното тело дефинитивно одбива да остари!

Неодамна објави кратка видео снимка на која го покажува својот неверојатно рамен стомак и совршените стомачни мускули, а многумина останаа шокирани од фактот како е воопшто можно да се има вакво тело во шестата деценија.

Холивудската актерка е позната по тоа што се грижи за нејзината исхрана и редовно вежба веќе со години, и често со своите обожаватели на социјалните мрежи споделува интересни фитнес совети. „Ќе ви откријам што е она што ме држеше во задните 10 години во форма, здрава и полна со енергија – тоа е диетата“, изјави актерката.

Но ако сега мислите дека е во прашање класична диета која вклучува изгладнување, тогаш сте далеку од вистината. Имено, во прашање е урамнотежена исхрана, каде што најважно е да се избегнува нездравата храна.

„Нашиот внатрешен воин е добар само онолку колку што го храниме добро, а она што го јадеме ја гради нашите темели“ , вели Бери. Таа ја истакна важноста на планирањето и приспособувањето на оброците со вежбањето, но призна дека не може да им одолее на соковите.

Атрактивната актерка исто така започна и дебата за важноста на храната што е одлична во справувањето со депресијата и придобивките од детоксикација со одредени пијалаци.

 Нејзиниот тренер исто така ја истакна важноста на јадење на здрави намирници, и истакна дека е неопходно да се јадат јајца, авокадо и ореви, бидејќи ќе ви дадат доволно енергија за било кои вежби.

 

Хали пак, вели дека сè уште ја сака водата со кофеин збогатен со овошни вкусови. Покрај тоа, таа откри дека во нејзината куќа речиси НИКОГАШ нема чипс, бисквити или други нездрави закуски, бидејќи таа не е толку сигурна дека нема да падне во искушението и да ги јаде.

 

Диетален појадок заслужен за витката линија на Хали Бери

Совршен диетален појадок кој Хали им го препорачуваме на сите, особено на оние што сакаат да ослабат.

Состојки

200 мл кефир или полномасен јогурт
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка ржани зрнца
1 лажичка мелени ореви/бадеми/лешници
1 лажичка цимет
4 суви сливи
5 брусници или суво грозје

Подготовка

Поедноставна не може да биде. Исечете се, измешајте и остафете од вечерта да ви стои во фрижидерот. Наутро, ако сакате подобар ефект, измешајте неколку капки лимон со топла вода и испијте пред да ја изедете мешавината.

 

Facebook Comments
(Visited 27 times, 1 visits today)