Актерката доживеа ужасна несреќа: Кејт Бланшет се исече на глава со моторна пила!? (ВИДЕО)

Кејт Бланшет доживеа незгода во својот дом во источен Сасекс, а деталите за несреќата ги раскажа гостувајќи во подкастот на поранешната премиерка на Австралија Џулија Џилард.

„Добро сум. Имав незгода со моторна пила, што звучи многу, многу возбудливо, но не е. Освен што имам мала исеченциа на главата, добро сум“, рече актерката додека Џулија ѝ порача: „Мораш да бидеш внимателна со моторната пила. Има славна глава“.

51-годишната актерката имала среќа што останала жива при инцидентот со ракувањето со пилата и што поминала само со мала повреда.

На видеото од емисијата можат да се видат и нејзините фотографии сликани по несреќата што јасно покажуваат дека двократната Оскаровка навистина само чудо ја спасило да остане жива.

Во емисијата Кејт раскажа и како се справува со карантинот во Велика Британија каде што живее со сопругот Ендрју Аптон и нивните три деца.

Facebook Comments
(Visited 73 times, 1 visits today)