Хороскоп

Ако сте еден од овие три хороскопски знаци подгответе се за нешто возбудливо – оваа зима ви пристигнува судбинската љубов

Advertisement

Кои се хороскопските знаци што оваа зима, а можеби и пред празниците, ги очекува љубов од сите страни

Advertisement

Ако веќе долго време сте сами, или постојано запознавате само „погрешни“ партнери, со кои не можете да започнете ништо посериозно и постабилно, конечно имаме добри вести за вас – оваа зима, ќе ви се случи вашата судбинска љубов, онаа што ќе ве потресе и ќе ве промени од корен, барем ако сте еден од следниве три знаци. Значи, ако сте Риба, Стрелец или Бик, подгответе го вашето срце за љубов – таа доаѓа по вас, тивко и тоа многу, многу брзо!

Риба

Рибите оваа зима треба да очекуваат љубов од сите страни и да го слушнат она брмчење на познатите „пеперутки”.

Advertisement

Конечно, во животот ќе им се појави партнер каков што сакаат, и можно е тоа да се случи дури и пред празниците. Студените денови ќе бидат исполнети со уживање, филмски ноќи во четири очи, романтични прошетки и убави ноќни излегувања. Опуштете се и максимално уживајте.

Стрелец

И Стрелецот ќе го изненади нова љубов – чекаше долго време, но сега конечно може да здивне! Емоциите беа паузирани за време на есенските денови, но сега моќен бран со нова енергија доаѓа исполнет со голема љубов и страст. Од голема љубов до врска за цел живот – сè е можно!

Бик

Додека минатата година Бикот беше воздржан кога станува збор за излегување, а и радо остануваше дома или со блиските пријатели, оваа зима, конечно, ќе добие шанса да го прошири својот круг на познаници, да излезе меѓу луѓето и да се забавува со нив и конечно – да го запознае „фаталниот”. Бикот во овој момент се спозна себеси и е во согласност со своето внатрешно „Јас“, а тоа е совршен момент да се најде „вистинскиот тој“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button