Реклама
Наши ѕвезди

Ако една жена е мајка, тоа не значи дека треба да изгледа како куќна помошничка – Карлеуша откри како ги воспитува ќерките!

Реклама

Повторно подигна голема прашина во виртуелниот свет

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша деновиве ги запали социјалните мрежи и со коментар кога истакна дека нејзиното облекување нема никаква врска со тоа каква е како мајка. Имено, на социјалните мрежи често можеме да видиме како корисниците водат полемика за стилот на популарната пејачка и модна икона. И додека едни ја критикуваат дека оскудно се облекува што е крајно непримерно за една мајка, други се на нејзина страна и ја бранат.

Па така и во една од последните епизоди во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ стилот на Карлеуша беше во фокусот. Откако Саша Поповиќ ја предизвика Јелена да се прошета и да ја покаже својата провокативна облека, истакнувајќи дека на сцената ќе излезе мајка на две деца, по што коментираше Драган Стојковиќ Босанац, кој го изјави следново:

Маркетинг

„Во нашето жири имаме доста мајки, јас мислам дека ова е класичен пример како мајка се залага и повеќе нема што да даде, ни облека што да облече, иако имаме и друга (Вики) која покажа што значи да се биде мајка на едно дете, но ти си повеќе облечена, бидејќи две деца се поголем трошок“ изјави Босанац алудирајќи на стилот на познатата пејачка, по што Карлеуша му одговори со следниов коментар.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Мајка, тоа е темата која што ја апсолвиравме, бидејќи жената ако е мајка не треба да се завие, да замине во манастир, да изгледа како домашна помошничка и да заврши со својата работа“, му одговори таа на својот колега.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Јас во мојот дом сум мајка, не сум во сценски костуми. Моите деца се прекрасно воспитани, со сите петки, деца за пример, фини, скромни и за мене сите велат дека сум прекрасна мајка. Тоа што јас имам соја работ нема врска со тоа каква сум мајка, ниту тоа ме одредува“ вели таа и додаде:

„Можам само да ви кажам дека моите ќерки се горди на својата мајка“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ

Таа потоа гокажа и следново:

„Тие од својата мајка можат да научат како да бидат самостојни, успешни, како да се борат во животот“.

„Како да бидеш жена во машки свет, полн со предрасуди, балкански, селски менталитет, каде жената се гази и не се почитува заради својата ce*cyaлнocт. Јас своите ќерки ги учам да не се срамат од својата ce*cyaлнocт, ниту од својата женственост, ни од свето тело и да имаат свое јас, како и дека никој не смее да ги сопнува затоа што се убави и згодни“ заклучи Карлеуша во своето обраќање.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку, пејачката неодамна зборуваше и за ставот што го има нејзиниот сопруг кога е во прашање нејзиниот стил.

Еве што изјави таа тогаш:

„Мојот сопруг одамна одлучи дека не сака да гледа она што јас го поставувам на Инстаграм. Не сака да знае, не сака да го види. Тој мене ме запозна како една смирена домаќинка која никогаш нема ништо провокативно облечено во животот и тогаш се случи неверојатна промена“, заклучи иронично најпопуларната поп ѕвезда на Балканот.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Копија на мама

Карлеуша неодамна го промовираше и едиторијалот на својата постара ќерка, а сличноста меѓу нив е неверојатна. Таа воодушевено сподели фотографии од својата наследничка која по висина наскоро ќе ја достигне иако има само 12 години.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Атина веќе е позната во виртуелниот свет и им преставува идол на многу девојки кои се на нејзина возраст, а само на Инстаграм веќе има преку 90 илјади фанови.

Погледнете ја нивната сличност:

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button