CelebrityНовости

(ФОТО) Љубовното писмо на Гиговска ги расплака сите

Advertisement

Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска која на „Инстаграм“ ја следат  90.000 фанови, на своето момче, десет години постариот музичар и пејач Иван Јованов од „Либеро бенд“, му напиша љубовно писмо кое трогна многумина.

Advertisement

– Се сеќавам дека беше многу одамна. Имаше искри помеѓу нас во тоа време, но само на далечина. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека двајцата сме тотално исти. Не само поради она за кое што и двајцата мечтаеме (музиката) туку и поради нашите сродни души. Нема вистинска прилика за ова, само го чувствувам тоа секој ден.. Како првиот ден.. Те сакам! – напиша Гиговска.

https://www.instagram.com/p/B9MLsMCHFDn/

 

Advertisement

Антониа и Иван се познаваат подолго време, а нивната љубов се родила на еден необичен настан.

– Иако се знаевме од порано затоа што сме колеги, официјално се запознавме на свадба на која што јас ја пеев првата песна за младите. Така започна сѐ. Тоа беше љубов на прв поглед – откри Антониа во интервју за тинејџерскиот портал „Хаштаг“ пред неколку месеци.

Не крие дека Иван е нејзина најголема поддршка кога е нејзината кариера во прашање. Негов бил предлогот во финалето на „Пинкови ѕвездички“ да се претстави со песните Proud и I`ll never love again. Иако музиката ги поврзува, вели дека за дует сѐ уште е многу рано.

– Зборуваме на оваа тема, но сметаме дека сѐ уште не е време за таков проект. Важно е дека си пееме секој ден поради тоа што сме заедно 24/7. Иван вика дека сме како сијамски близнаци – раскажа таа неодамна.

Пред да се вљуби во нејзиниот колега, Гиговска имаше неколкугодишна врска со Виктор Крстевски, професионален каратист кој настапува за македонската репрезентација. На почетоците од кариерата Гиговска редовно објавуваше нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи, но подоцна ги отстрани.

Пошироката јавност ја запозна Антониа во регионалното ТВ-шоу „Пинкови ѕвездички“. Неколку месеци подоцна беше прогласена за најдобар дебитант на „Макфест“. Во меѓувреме доби признание на повеќе интернационални фестивали, а денес го живее својот музички сон.

Антонија Гиговска го играше и главниот женски лик во мјузиклот „Тајно моја“ и публиката имаше само пофални зборови за нејзиниот ангажман во проектот посветен на Тоше Проески. Во една прилика откри дека кога не би била пејачка, би била актерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button