CelebrityНовости

(ФОТО) Драстична промена: Емина Јаховиќ сега е русокоса

Advertisement

Поп-пејачката Емина Јаховиќ наскоро ќе го претстави новиот сингл „Кризирам“, а за потребите на видеозаписот одлучи драстично да го промени изгледот и сега е русокоса.

Advertisement

Фановите кои добро ја познаваат, велат дека станува збор за перика, коментирајќи дека поранешната сопруга на Мустафа Сандал не сака трајно да го промини имиџот на бринета.

Коментарите, очекувано, се поделени. Некои се шокирани од промената, додека пак други мислат дека плава коса одлично ѝ прилега.

Под фотографијата со која се најде во медиумскиот фокус, Емина сподели и неколку стихови од новата песна. „Јас за тебе кризирам, не ми е добро.. Кризирам и никогаш не спијам, ништо не сонувам..“.

Advertisement

Српските и турските портали не престанаа да пишуваат за згодната пејачка, особено откако се раздели со нејзиниот колега Мустафа Сандал со кого има две деца и утеха најде во турскиот милијардер Садетин Саран. Новинарите обожаваат да копаат по нејзиното минато, а Јаховиќ неодамна во интервју за босански медиум конечно призна дека не живеела удобно отсекогаш.

– Моите родители немаа наследство и живееја просечен живот како почитувани лекари. Се сеќавам кога, повеќе или помалку, сите луѓе во Белград живееја тешко. Имаше моменти кога и патлиџанот ни беше луксуз. Гледав како некои деца во соседството јадат киндер-јајце или чоколада која пука во устата. Сето тоа ми беше недостижно.

Во време на превирања и војни, мајка ми ставаше млеко и јогурт во ладилникот кои не смеевме да ги земеме, ги чувавме за црни денови. Гардеробата што ја носев како девојче најчесто беше истата што претходно ја носела мојата постара сестра. Затоа сега кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купам, но само тоа што ќе го носам. Немам хирови – раскажа Емина.

Пејачката изјави дека мајка ѝ многу вложила во неа и во нејзините брат и сестра за тие да станат успешни луѓе.

– По смртта на татко ми, ниту еден маж не ни донесе дома. Дури никогаш не дозволуваше да зборуваме на таа тема. Премногу го сакаше – се отвори Јаховиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button