Тијана искрено за бракот: Милан и јас секој ден ја славиме љубовта
Популарната пејачка Тијана и нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ се запознаа во Сомбор на еден кошаркарски натпревар и оттогаш се неразделни веќе две децении. Четири дена по почетокот на нивната љубовна врска почнаа да живеат заедно, а во април 2001 година го изговорија и судбоносното „да“.
Милан и Тијана се венчаа во 2000 година, а по девет години брак го добија синот Вук.
Пејачката вели дека и ден денес смета дека е голема лудост тоа што започнала да живее со својот сопруг само пет дена од запознавањето.
Тие неодамна прославија 19 години брак, а во интервју за „Глориа“ таа вели дека секојдневно ја слават љубовта.
„Милан и јас секој ден ја славиме љубовта и бракот, така да во нашиот случак датумот не е важен. Односно, не го прославуваме нешто повеќе спектакуларно од секој ден.
Конкретно, на денот на полнолетството на нашиот брак, јас бев во Скопје, а тој во Белград, иако физички не бевме заедно, ни на мене,ни на него не ни беше помалку драго што стигнавме до тој јубилеј“ вели Дапчевиќ.
Во медиумите кружеа и дезинформциии дека пејачката се разведува, дека бракот и е во криза и дека ќе пукне во секој момент. За среќа, тоа беа само шпекулации, а Тијана и Милан имаат среќен и убав брак 19 години.
На Инстаграм се појави ретро фотографија на која е Тијана и нејзиниот сопруг Милан, а истата е направена на Тајланд.
„И јас и Тајланд и целата љубов на едно место“ стои во описот на фотографијата.