Татјана Стојановска со остра реторика го критикуваше скопскиот аеродром: „ТАВ, до кога вака?!“
Нашата позната водителка со остра критика до скопскиот аеродром
Татјана Стојановска напиша остра критика до скопскиот аеродром откако и се случи еден непријатен настан. Имено, таа деновиве наместо на паркингот, влегла во аеродромот на лентата за возила која служи за услугата „Hug and Fly“ и на која можете да се задржите најмногу 10 минути.
Но кога влегла забележала дека апаратот на картичката и отчукал време кое е цели 5 минути покасно од реалното време кога влегла на аеродромот и ја преминала рампата.
Татјана не сакала да ризикува, бидејќи доколку го пречекорите времето и се задржите повеќе од 10 минути ќе треба да платите големи пенали, па затоа решила да се паркира на паркингот каде за 5 минути (колку што и биле потребни за да заврши работа) морала да плати 80 денари.
Револтирана поради ова таа ги предупредува и останатите корисници да бидат внимателни со оваа услуга на скопскиот аеродром, бидејќи во спротивно би можеле да платат казна од 500 денари.
„Па зошто тогаш ТАВ сте ставиле можност за ‘hug and fly’ од 10 минути кога го лажирате времето и реално се само 5 минути?“, поставува прашање водителката преку социјалните мрежи, а пренесе порталот Press24.mk.