Пејачка од „Гранд ѕвезди“ се разведе – „Мојот сопруг ме малтретираше и психички и физички“
Тамара конечно откри зошто одлучила да се разведе
Младата пејачка која се прослави со учество во шоуто „Гранд ѕвезди“, Тамара Радмиловиќ, непријатно ги изненади своите фанови кога неодамна одекна веста дека завршила во болница. Но во животот на пејачката во претходните неколку недели се случија и други непријатни работи.
Покрај проблемите со здравјето таа пред месец и половина се разведе од својот сопруг Бојан Марјановиќ .
Таа за порталот „Немазабрането“ откри дека решила да стави точка на нејзиниот брак бидејќи сопругот постојано правел љубоморни сцени.
„Трпев психичко и физичко насилство. А покрај тоа беше и многу лош маж и татко“, изјави Тамара.
Таа со својот сега веќе поранешен сопруг има син, Кристијан кој го роди во октомври минатата година.
Тие се венчаа во јуни минатата година, а се разделија пред месец и половина. Тамара вели дека откако се развела од него и е многу поубаво и дека се уште верува во љубов и среќа, и дека еден ден ќе го најде вистинскиот.
„Не можеше да го поднесе разводот па утеха бараше во разни неморални девојки, недозволени супстанци и пијалаци. Заради тоа пред месец дена заврши во затвор каде помина една недела. Искрено се надевам дека повеќе нема да ме вознемирува, бидејќи ќе морам повторно да го пријавам во полиција“, вели Тамара во интервјуто.
Таа за таткото на своето дете нема воопшто убави зборови, па така вели дека живеел на нејзина сметка и дека немал пари дури ни за нивниот развод.
„Фаќа девојки со туѓи автомобили. Живееше на моја сметка, во мој стан, а моите родители ја платија нашата свадба“, вели таа.