Петгодишно девојче ги плати школските оброци на 123 деца што немале пари
Петгодишната Кателин Харди од градот Виста во Калифорнија се најде во центарот на вниманието откако успеа да собере пари за да го плати долгот за школските оброци на 123 ученици од нејзиното училиште.
Кателин е запишана во претшколската програма во основното училиште „Breeze Hill“, а откако слушнала како нејзините родители зборуваат за финансиските проблеми со кои се соочуваат некои од нејзините соученици, почнала да им поставува „незгодни“ прашања.
This 5-year-old paid off the lunch balances for 123 students by selling cocoa and cookies https://t.co/cQzRJoJzEg pic.twitter.com/wscwsWWVLP
— CNN (@CNN) December 18, 2019
Advertisement
Нејзината мајка се обидела да и објасни дека некои луѓе понекогаш немаат толку среќа во животот и дека мораат да бидат љубезни и да помогнат кога се во можност тоа да го направат. Тогаш Кетелин одлучила на 8 декември да постави штанд и преку целиот ден продавала какао, колачиња и пити. Потоа заедно со нејзината мајка донирале 80 долари на сметката на повеќе од 100 ученици во нејзиното основно училиште.
Таа тоа го направила надевајќи се дека и другите ученици ќе можат да си дозволат ручек и ужина.
„Ако немаат што да јадат, ќе им кркорат цревата“, вели Кателин. „Сите се многу горди и среќни, а сега и останатите ученици веќе смислуваат начини како и тие да помогнат“, изјави директорката на училиштето Лори Хиглеј и додаде дека тоа покажува колку еден мал, љубезен чин на едно петгодишно девојче може да биде голем и да започне многу големи работи кои ќе носат промени во општеството.
Следната цел на Кателин е да собере доволно пари за да ги исплати не само оброците од нејзиното училиште, туку и од соседните училишта. За да и помогнат во нејзината мисија која доби и хаштаг #KikisKindnessProject и другите ученици и вработените во училиштето во сабота ќе отворат голем штанд и ќе продаваат какао и печива.
Следната цел на Кателин е да собере доволно пари за да ги исплати не само оброците од нејзиното училиште, туку и од соседните училишта. За да и помогнат во нејзината мисија која доби и хаштаг #KikisKindnessProject и другите ученици и вработените во училиштето во сабота ќе отворат голем штанд и ќе продаваат какао и печива.
А откако сите сметки во целиот округ ќе бидат исплатени, Кателин со собраните пари ќе ги поддржи школските програми кои во спротивно би биле згаснати заради намалениот буџет на училиштето.
„Главната поента е во љубезноста. Посебно во ова време на празници бидејќи ако земеме во предвид се што се случува на овој свет, потребно ни е малку повеќе љубезност“, изјави мајката на девојчето.