Реклама
Вести

Макпетрол бара работници – нето плата 40.500 денари

Реклама

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци(со можност за продолжување), во Дирекција за финансии и тоа:

Маркетинг

I. 1 (еден) работник на работно место виш стручен соработник во Сектор за план и анализа.

Маркетинг

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено високо стручно образование;
Работно искуство од 3 години;
Познавање на методи за финансиска анализа;
Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
Познавање на PowerBI ќе се смета за предност;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 40.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

II. 1 (еден) работник на работно место стручен соработник во Сектор за план и анализа.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено високо стручно образование;
Работно искуство од 1 година;
Познавање на методи за финансиска анализа;
Познавање на сметководствени стандарди и даночна регулатива;
Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word);
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8:00 до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 33.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.


Заинтересираните кандидати треба да достават:

• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;​
• Уверение од кривична евиденција.

Рок за пријавување: 03.10.2024

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button