Ѕвездата на Гранд го загуби животот во сообраќајна несреќа, пријателите се простуваат од него

Почина пејачот Предраг Пеѓа Бошњак (34).
Пејачот кој е познат по учеството во „Ѕвезда Гранда“ е роден во Мостар, а според информациите трагично го загубил животот во несреќа откако паднал од мотор.
Оваа тажна вест ги потресе пријателите, колегите и бројните фанови на Пеѓа, кои преку социјалните мрежи почнаа да се збогуваат со него.
Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути кога како што е познато засега Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот.
Тој со тешки повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица, каде и покрај големите напори на лекарите вечерва починал. Како што се дознава, поради непрописна брзина излетал од патот.

Музичката сцена загуби уште еден талентиран артист, а многумина ќе го паметат по неговиот препознатлив глас и харизма.