Народните верувања велат дека желбата на Крстовден е посилна од сите желби.
Пред нас се три големи и значајни празници во јануари – Крстовден, Водици и Свети Јован.
Иако во црковниот календар е означен со црна буква, Крстовден се почитува и празнува многу побожно, со строг пост кој вклучува сува храна и вода, но и со искрена молитва.
Со овој ригорозен пост на вода и леб, телото се подготвува за пиење на богојавленската вода што се зема во храмот, следниот ден, на Водици.
Ноќта помеѓу Богојавление и Водици се смета за најмагична од сите.
Христијаните веруваат дека во оваа ноќ небото се отвора и Бог ги слуша нашите молитви.
Затоа внимавајте што барате и како го правите тоа.
Треба добро да размислите колку е важно тоа што го барате, а потоа со целосна вера, на полноќ, да ја кренете главата кон небото и да си ја кажете својата желба.
Постои правило кое вели дека пред да посакате желба, треба да си поставите едно прашање: Дали оваа желба ќе ми биде важна за пет години?
Ако одговорот е да, тогаш кажете ja истата вечер.