
Пејачката Бојана Барјактаревиќ се прослави во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“, а некои ја паметат и од групата „Бон ами“ со која го сними хитот „Магла“.
Бојана победи на споменатиот музички натпревар, а за време на нејзиното учество, нејзината животна приказна ги потресе сите, но инспирираше и многумина кои го доживеале истото.
фото принтскрин
Имено, Бојана три пати се борела со ракот, а за борбата со мачната болест отворено проговори.
– Се трудам да останам позитивна и да имам позитивна енергија. Почнав со зрачење, веќе сум на половина пат од терапијата, но има уште неколку. Прогнозата на докторот е добра, почнавме да го решаваме проблемот, а потоа почнува задолжителната хемотерапија. Кога ќе го решиш тоа, тогаш одиш на редовни контроли и се следи состојбата, дали има нешто, дали се појавило или не… Треба да поминат пет до седум години за да кажеш дека си излечена. Никој не ти го гарантира тоа. Силната волја и желбата за живот освојува се, јас верувам во тоа – изјави еднаш Бојана за Гранд.
фото принтскрин
– Се борам како лав! „Никогаш не е доцна“ ми донесе многу подобра кариера и многу повеќе работа, па затоа се трудам да постигнам се, да одговорам на сите барања. Се трудам и успевам во тоа, но не се откажувам – изјави во една прилика Бојана.