За Свети Илија на верниците им е строго забранета една работа

Во сабота на 2 август е голем и тежок празник- Пророк кој пали и гаси на небото и земјата.
Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повел со летните грмотевици.
Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…
Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.
Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот секогаш се паѓа на ист датум во најсушниот и најтоплиот дел од годината, а многу е важно да знаете дека на овој ден не смеете да работите на поле, за да не привлечете гнев.
Исто така, се верува дека на денешен ден е добро да јадете мед за здравје. Некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.