Бизнис

За нашинците во Германија не можеше да пристигне подобра вест: Од 1 април растат платите во овие сектори

Advertisement

Одлуката за зголемување на платите во градежниот сектор беше донесена во средината на 2024 година.

Лесно е да се заборави дека пред тоа процесот на помирување пропадна и имаше две и пол недели предупредувачки штрајкови. На крајот беше постигнат компромис за колективен договор за подолг период, со неколку фази на зголемување.

Advertisement
пекселс

Сепак, од април 2025 година ќе започне следната фаза на планирани зголемувања за речиси еден милион вработени, пишува Феникс магазин.

Тоа значи дека околу 930.000 вработени во германскиот градежен сектор можат да сметаат на редовно зголемување на платите. Синдикатот ИГ БАУ и работодавачите договорија заеднички предлог со времетраење од три години.

пекселс

Повисоки плати во градежната индустрија

Advertisement

Главна цел: на крајот од тригодишниот период ќе се постигне целосно изедначување на платите на истокот и на западот од државата. Во првата фаза, сите месечни плати беа зголемени паушално за 230 евра, а дополнително за 1,2 отсто на запад и 2,2 отсто на исток. Исклучок беше Групата за плати 1 (група 1), исто така најниската група, каде што зголемувањето од 2,2 отсто беше на национално ниво.

Сега доаѓа втората фаза од зголемувањето на платите. Поточно, од април 2025 година:

На Запад платите растат за 4,2 отсто
На исток порастот е 5,0 отсто

Исклучок: за Група 1 зголемувањето ќе биде 5,0 проценти на национално ниво

пекселс

Најниската саатница тогаш ќе биде 15,27 евра

Една година подоцна, од април 2026 година, платите на запад повторно ќе пораснат за 3,9 отсто, додека на исток целосно ќе се изедначат со платите на западот.

Примери: Оние кои досега заработувале 3.000 евра на истокот на Германија, од април ќе имаат 3.150 евра. На запад платата ќе се зголеми од 3.000 на 3.126 евра.

Целиот колективен договор за градежниот сектор е со важност до 31 март 2027 година.

пекселс

Платежни групи (Lohngruppen) во градежниот сектор

Вкупно има шест различни групи на плати:

Група 1: Работници, асистенти на машини
Група 2: Квалификувани работници, машинисти, возачи
Група 3: Квалификувани работници, оператори на градежни машини, професионални возачи
Група 4: Специјализирани квалификувани работници, оператори на тешки машини
Група 5: Надзорник, тимски водачи на машини
Група 6: Главен надзорник, мајстори на градежни машини

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button