Вести

За чување на внуче на возраст до 4 години бабите и дедовците ќе добиваат по 360 евра месечно!

Advertisement

Градот Самобор стана првиот град во Хрватска што ја воведе мерката „Баба-дедо сервис“, која им овозможува на бабите и на дедовците да добиваат по 360 евра финансиски надоместок за чување внуче на возраст од една до четири години.

Надоместокот е еднаков на субвенцијата што ја дава градот за приватните градинки и дадилки.

Advertisement

Мерката е направена по углед на Шведска, но е приспособена на локалните потреби. Придобивките се повеќекратни: пензионерите добиваат дополнителен приход, родителите полесно ја организираат грижата за децата, а семејните врски дополнително се зацврстуваат.

– Оваа мерка има цел да им го олесни на родителите усогласувањето на семејните и работните обврски, да обезбеди финансиска поддршка за пензионерите и да ја зајакне меѓугенерациската солидарност – изјави градоначалничката Петра Шкорбот.

Мерката се применува од април годинава и досега ја користат 37 баби и дедовци.

Advertisement

Правото на овој надоместок го остваруваат родителите или старателите, но само за деца на возраст од 1 до 4 години што не се запишани во градинка или не користат дадилка. Дополнителните услови се: хрватско државјанство, живеалиште на подрачјето на Самобор и вработеност на двајцата родители или нивни статус на редовни студенти.

Исто така, бабите или дедовците што сакаат да примаат надоместок мора да имаат пензионерски статус, живеалиште во Самобор и да бидат здравствено способни за грижа околу внуците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button