Реклама
Вести

Во сабота на полноќ се отвора небото: Замислете желба и направете го ОВА!

Реклама

Во сабота, еден ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на водата, но и со обезбедување плодородие во годината што следува.

Маркетинг

Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни.

Маркетинг

Водици или Богојавление е денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, според христијанското предание.

Со овој голем празник се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници поврзани со Бадник, Божиќ и Нова година (Василица).

Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.

На првиот ден од празникот во коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Традиционално во Македонија во многу населени места, свештениците го фрлаат крстот во некоја поголема вода – базен, река, езеро, а луѓето скокаат во водата во обид да го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.

Според верувањата, вечерва точно на полноќ, во очи на големиот христијански празник Водици, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог им ги исполнувал желбите кои кора да бидат јасни.

Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Од таа вода да се налеело, можело да се лекуваат многу болести.

За осветувањето на водата и за чудесата на осветената вода Св.Јован Златоус во својата беседа за крштевањето вели: „Овај е ден во кој Христос се крсти и ја освети природната вода.

На полноќ на овој празник сите црпат вода и ја носат во своите домови и ја чуваат со години. Водата не се расипува“.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

Водици традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.

Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button