Во рестораните низ Грција ви носат и ви наплаќаат за нешто што не сте го нарачале: Бидете подготвени за овој трошок кога ќе седнете на ручек

Шише вода на масата без прашање – нова „стапица“ за туристите ова лето, и станува постојана ставка на сметката.
Туристите кои одмараат во Грција ова лето се почесто ја пријавуваат истата ситуација – штом ќе седнат во ресторан, келнерот носи шише вода и го отвора без да ги праша.
Без разлика дали е побарано или не, водата се наплаќа автоматски, по цена од 1,5 до 2 евра.
Овој „тивок трошок“ стана вообичаена практика во крајбрежните градови низ Грција, од Халкидики до Лефкада и Крит. Туристите се жалат затоа што не можат да одбијат услуга што не ја нарачале – затоа што шишето веќе е отворено.
На форумите и социјалните мрежи, многу посетители истакнуваат дека оваа практика ги изненадува и ги фрустрира. „Разбирам дека водата чини пари, но ако не сум ја побарал – зошто плаќам за неа?“ пишуваат гостите. Некои дури наведуваат дека побарале вода од чешма, но сепак им донеле флаширана.
„Можеби само сакам да пијам пиво, не ми треба вода“, изјави еден турист за Блиц.
Во Грција, законот не забранува наплата за вакви услуги, но основното правило за заштита на потрошувачите е економската одлука на потрошувачот без притисок. Туристите очекуваат да бидат информирани пред да им се донесе нешто и да им се наплати.
Се подразбира дека добивате и „додаток“ заедно со сметката за храна, што понекогаш исто така не е на ниво.
Како можете да го избегнете овој дополнителен трошок?
Да му дадете до знаење на келнерот дека не сакате флаширана вода ако тој не ви ја понуди, туку ја донесе по сопствена иницијатива.
Прашајте дали водата што ви ја носат е бесплатна или се наплаќа.
На некои места е можно да побарате „вода од чешма“, која е бесплатна и безбедна.
Оваа практика очигледно ја „копирале“ Грците од главните туристички градови во светот, каде што станала вообичаена.