Во оваа емисија, Жика Јакшиќ доживеа мозочен удар – беше блед, исцрпен, едвај стоеше на нозе ВИДЕО

Познатиот водител Жика Јакшиќ, лице на емисијата „Никогаш не е доцна“, пред помалку од еден месец доживеа мозочен удар пред публика, за време на снимање.
Тој беше итно хоспитализиран и пренесен во болницата „Свети Сава“ во Белград.
Неговата комшивка откри дека лично присуствувала кога настанал инцидентот.
Бев во публиката кога Жика доби шлог. Среќна сум што се опоравува и се надевам дека логопедот со кој работи ќе му помогне целосно да ја поврати способноста за говор“ – изјавила таа.
Јакшиќ се појави на малите екрани за последен пат во 40-тата емисија, која беше емитувана на 22 јуни.
Бидејќи „Никогаш не е доцна“ е претходно снимена, оваа емисија беше снимена неколку дена пред официјалното емитување. Ова е воедно и последната емисија пред самото финале, каде што Жика не се појави, бидејќи беше во болница.
Она што се забележува е дека водителот беше добро на самиот почеток, а со текот на времето, неговата состојба се влошуваше. Жика се замори многу за време на емисијата, беше побавен и имаше тешкотии со зборувањето, иако се обидуваше да го маскира сето ова и професионално да си ја заврши работата.
Во неколку наврати, Јакшиќ беше потпрен на фотелја, без сила, а кога виде дека камерата го снима, стана и се обиде да танцува во ритамот на музиката.
Во моментов, водителот закрепнува во својот дом на Бежаниска коса. Новинарска екипа неодамна го снимала како излегува од станот и се упатува кон автомобил, што е охрабрувачки знак за неговото здравје.