Вести

Во Нов Зеланд ќе се живее без чад од тутун

Advertisement

Додека многу земји сè уште се расправаат околу забраните, даноците и политичките ставови, Нов Зеланд постигнува нешто извонредно – станува една од првите нации без чад од тутун. И тоа не благодарение на ширењето страв, туку на науката, разбирањето на потрошувачите и концептот за намалување на штетите.

Голема улога во постигнувањето на овие резултати има министерката за здравство, Кејси Костело, кој неодамна во Парламентот јасно стави до знаење: клучот за намалување на стапката на пушачи не е забраната, туку обезбедувањето побезбедна алтернатива.

Advertisement

Од 2011 година, стапката на пушење кај возрасните лица во Нов Зеланд речиси се преполови – од 13,1 отсто на само 6,9 отсто во 2024 година. Ова не е случајност, туку резултат на добро осмислена стратегија за јавно здравје која ги прифати вејпингот и другите уреди што користат никотин без чад, како алатки за престанување со пушење.

Наместо застарени методи, Нов Зеланд поддржа пристап што функционира. Им помогна на пушачите наместо да ги казнува, вклучи алтернативни производи во програмите за престанок со пушење и така постигна добри резултати.

Министерката Костело остро го критикуваше „ширењето страв“ и идеолошките напади што им го отежнуваат пристапот на пушачите до алтернативи кои можат да им го спасат животот.

Advertisement

– Постојат долгогодишни зависници од пушење на кои треба да им се овозможат алатки и поддршка за да престанат. Не слогани, морализирање, туку вистински решенија – рече Костело.

Нејзиниот говор го пофалија експерти за јавно здравје ширум светот, вклучувајќи го и д-р Делон Хјуман, претседател на иницијативата „Шведска без чад од тутун“, кој ја нарече нејзината стратегија „план за тоа како треба да изгледа јавното здравје“.

Нов Зеланд сега ги следи стапките на Шведска – првата земја што постигна статус „без чад од тутун“ (дефиниран од СЗО како стапка на пушачи под 5 отсто). Шведска го постигна ова со помош на алтернативи без чад како што се снус и никотински кесички.

Сега Нов Зеланд покажува дека моделот за намалување на штетите може да функционира и надвор од Скандинавија и дека алтернативите без чад можат да играат клучна улога во престанокот со пушење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button