Огласи
Нега и здравје

Внукот на најпознатата билкарка во Македонија открива – моќта на билките во лечење на рак и депресија!

„Во минатото, кога немало доктори, луѓето се лекувале исклучиво со треварство. Денес, со правилна терапија, повеќето заболувања може да се третираат на природен начин. Но, важно е да се има правилен пристап“.

advertisement
advert

Мартин Најдовски од Велес е сертифициран билкар и хербалист, кој своето знаење за билкарствотого наследил од својата тетка Љиљана Јовиќ – Гроздина, најпознатата треварка во Македонија.

Вели дека ова за него е и чест и благослов, бидејќи тоа е традиција што се пренесува низ генерации во неговото семејство.

фото-приватна архива

„Од најрана возраст бев опкружен со билки. Моите баби ми покажуваа како да ги собираме, сушиме и комбинираме за да направиме лековити напивки. Тоа беше нашето секојдневие, и без да забележам, со годините оваа љубов кон природата и билките стана дел од мене.“

реклама

Денес, билкарството е сѐ поретко застапено во Македонија, а Најдовски смета дека тоа е штета, бидејќи природата ни нуди безброј лековити решенија без потреба од скапи медикаменти.

„Луѓето сѐ повеќе се враќаат кон природните методи на лекување, но бројот на оние што вистински се посветени на фитотерапијата е мал. Ова е занает кој бара многу труд и знаење, но за мене тоа е начин на живот.“

Најбарани билки се ајдучката трева, копривата, мајчината душица, бозелот и виракот (бисерок, лавовска нога), која е особено популарна меѓу женската популација.

Марpкетинг

„Овие билки се користат за различни здравствени состојби, од воспаленија до хормонални проблеми. Нашите предци знаеле што прават, а јас се трудам да ги зачувам и пренесам нивните знаења.“

Најдовски сам ги собира билките, патувајќи по планините и ридовите, каде што истовремено ужива во природата и ја исполнува својата мисија.

„Македонија е благословена со изобилство на лековити билки. Многу од нив дури се извезуваат во странство, но кај нас луѓето не го ценат доволно ова богатство. Наместо да посегнат по природните алтернативи, многумина преферираат индустриски производи.“

Препознавањето на лековитите билки бара темелно познавање, анализа и добро учење.

„Потребно е да се анализира стеблото, листовите, цветот и хемискиот состав на секоја билка. Дури и отровните билки, во контролирани дози, можат да бидат лековити. Но, неопходно е знаење, бидејќи неправилната употреба може да биде опасна.“

фото-приватна архива

За Мартин, сите болести можат да се лекуваат со билки, со исклучок на некои состојби кои бараат хируршка интервенција.

„Во минатото, кога немало доктори, луѓето се лекувале исклучиво со треварство. Денес, со правилна терапија, повеќето заболувања може да се третираат на природен начин. Но, важно е да се има правилен пристап.“

Кога станува збор за рецепти за лековити мешавини, Најдовски вели дека тоа е исто како уметноста на готвењето.

„Треба да се знае што со што оди. Мојата книга, ‘Даровите на големата мајка Природа’ (се очекува и второ издание на книгата наскоро, инаку книгата може да се набави лично од Мартин – ТУКА), содржи бројни рецепти и комбинации на билки, многу од нив наследени од моите предци. Се трудам да ги споделам овие традиционални методи со пошироката јавност, за да не бидат заборавени.“

epp

Канцерот, како болест на 21 век, е честа тема, а Најдовски нагласува дека исхраната, надежта и упорноста играат клучна улога во процесот на лекување.

фото-приватна архива

„Некои од билките што помагаат во превенција и третман на канцерот се русата трева, сладок пелин, нискиот бозел и семките од горка кајсија. Дополнително, пчелните производи, како прополисот, имаат силно лековито дејство. Во Германија веќе постои болница каде што се практикува третман со петролеј, метод кој станува сѐ попопуларен и меѓу конвенционалната медицина.“

Во денешно време, сѐ повеќе луѓе страдаат од депресија и анксиозност. Најдовски предупредува дека не треба да се комбинираат билки со класични лекови за овој проблем, бидејќи тоа може да доведе до несакани ефекти. „Некои комбинации можат да предизвикаат брадикардија и низок крвен притисок. Природните методи даваат долготрајни резултати, бидејќи поттикнуваат природно лачење на серотонин, хормонот на среќата.

Најдобрите билки за нервниот систем се жолтиот кантарион, богородичното нане, хмељот, лавандата, босилекот и маточината.“

За оние кои бараат природен еликсир за подобро расположение, Најдовски препорачува чај од шипинка во комбинација со жолт кантарион.

epp2

„Оваа мешавина го зајакнува организмот и ја зголемува среќата. Но, важно е да се знае дека не треба да се користи заедно со антидепресиви или антибиотици.“

Најдовски останува посветен на својата мисија да ја едуцира јавноста за лековитата моќ на природата.

„Верувам дека враќањето кон традиционалните методи на лекување е клучот за подобро здравје и живот исполнет со енергија и виталност.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button