Вести

Владо Јаневски има здравствени проблеми – откажан концертот во Јане Сандански на 27 декември

Advertisement

Продукцијата „Авалон“ објави дека претстојниот концерт на Владо Јаневски, којшто требаше да се одржи на 27 декември, ќе биде презакажан за напролет поради здравствени проблеми на пејачот, но и поради одредени технички причини.

„Ве информираме дека поради вчерашна, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември во СЦ Јане Сандански, како и други одредени технички причини кои ги има овој проект во моментов, заедно со Владо донесовме одлука концертот да се одржи во период март – април 2025“, стои во соопштението на „Авалон“.

Advertisement

Се уште не се знае кој ќе биде точниот датум, а од „Авалон“ велат дека ќе ја соопштат таа информација после Нова година.

Досега купените влезници нема да важат за концертот кој ќе се одржи на пролет, а средствата од влезниците ќе ви бидат рефундирани од страна на сервисот од кој се купени влезниците.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button