Вести

Владата ќе дава грантови од 7.000 евра! Ова се условите што треба да ги исполните

Advertisement

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430 500 денари (7 000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250 000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615 000 денари (10 000 евра) за почнување бизнис.

Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Advertisement

Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.

-Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата.

Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој, истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Advertisement

Од повикот, рече, се исклучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button