Новости

ВИСТИНСКИ ХАОС: На само три дена пред големото финале, Гранд продукција излезе со важно соопштение

Advertisement

Поранешниот натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, ја обвини членката на жирито Виолета Вики Миљковиќ дека барала поткуп, а сега продукцијата Гранд се огласи за тоа.

Продукцијата на „Гранд“ издаде официјално соопштение, кое го пренесуваме во целост.

Advertisement

– Во врска со неодамнешните изјави на еден од поранешните кандидати на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, во кои се изнесени неосновани и сериозни обвинувања против нашата членка на жирито, истакнатата пејачка Виолета Миљковиќ, продукцијата Гранд се чувствува должна да реагира и јасно да застане во нејзина заштита!

Вики Миљковиќ е долгогодишен член на нашето жири, уметник со беспрекорен професионален углед чиј придонес во поп-сцената и развојот на млади таленти заслужува почит, а не таргетирање преку невистини и лични фрустрации.

Advertisement

Продукцијата категорично отфрла секакви инсинуации дека кој било член на жирито, вклучително и г-ѓа Миљковиќ, учествувала во каков било вид нелегална комуникација или третман кон натпреварувачите.

Нашите правила и етички стандарди се јасни и не оставаат простор за какви било неправилности – се вели во соопштението.

– Доколку гореспоменатиот кандидат не ги повлече обвинувањата и јавно не се извини, продукцијата целосно ќе ја поддржи Виолета Миљковиќ во сите понатамошни правни чекори што таа ќе одлучи да ги преземе за да го заштити својот углед и достоинство.

Гранд продукција нема да толерира клевети, лажни обвинувања и обиди за поткопување на кредибилитетот на нашите соработници. Веруваме дека јавноста јасно ја препознава разликата помеѓу вистината и сензационализмот.

За потсетување, финалето „Ѕвездите на Гранд“, кое требаше да се одржи на 28 јуни, е откажано, а вечерта кога ќе биде објавен победникот е закажана за 5 јули.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button